Lence Updated1

Кои

СМЕ НИЕ.

Друштвото КнигоПрима е една од водечките друштва за вршење на сметководствени услуги во Република Македонија , основана 1990 година. Низ годините и во согласност со трендовите КнигоПрима прерасна во компанија која покрај основната сметководствена дејност дава услуги и од финансиското известување, интерни извештаи и ревизии, даночни консултации, правни услуги од стопанското право, индивидуален консалтинг во областа на финансиите како и вработување во име на клиентите. Иако работи на територијата на Македонија дел од клиентите се и реномирани светски компании.

Последните 

ТPИ ДЕКАДИ.

Квалитет, едукација, дигитализација, почитуван бизнис советник .

25%
60%
75%
Прва декада
Втора Декада
Трета Декада
 

Прва декада

Главната идеја на формирање на друштвото Книго Прима (Книго-деловни книги/евиденција,   Прима прв-прво) во деветесите години на минатиот век беше да се основа фирма која ќе дава услуги од областа на сметководството и финансиите на малите и средните претпријатија кои тукушто се формираа во нашата земја.Во тоа време работевме и живеевме во општество во кое беа потребни компаниини со нови видици, а целта на нашиот тим од петмина беше…

Втора Декада

Нашата компанија со својот тим се стекна со лиценцирана компјутерска опрема како и софтвер за обработка на податоци, со кои даваме сигурна, ефикасна и навремена услуга. Го следевме брзиот технолошки развој и редовно ја обновуваме нашата комјутерска опрема со понови генерации на комјутери, се со цел обезбедување сигурна сметководствена комјутерска евиденција за нашите клиенти.

Со цел да бидеме што по достапни до нашите клиенти, добавувачи и потенцијални корисници на нашите…

Трета Декада

Квалитет, едукација, дигитализација, почитуван бизнис советник , нашата мисија која започна 1990 и сеуште трае, се развива и расте.

Квалитетот на нашите услуги се темелат на континуирана едукација, која пак е резултат на редовна посета на работилници, семинари и симпозиуми во земјата и во странство. Како учеството во работата на Меѓународниот форум за развој на сметководствената професија со седиште во Брисел,  работилниците одржани во Лондон, Атина, Белград, Кипар и Малта…

Ние сме

РАЗЛИЧНИ.

Нашата мисија е квалитетни услуги и задоволни клиенти, помал оперативен обем, а повеќе стандардизирани и дигитални процедури кои доведуваат до поголема посветеност на потребите на клиентите, повеќе анализи што претставува столб за донесување квалитетни одлуки на менаџментот. Сигурноста и доверливоста е мото на нашето работење, а дигитализацијата нашата заедничка цел.

Зошто

НАС.

Клиентите на КнигоПрима се од приватниот, јавниот и невладиниот сектор со кои друштвото ги извршува услугите врз основа на посебен ангажман и специфицирани договори. Нашите вработени поседуваат високи професионални компетенции, стручни и научни звања: овластени сметководители, даночни советници, финансиски фонрезичар, магистри и правник со положен правосуден испит. Сите се носители на уверенија за сметководители и овластени сметководители.

Нашите

СПОСОБНОСТИ.

За своите клиенти во континуитет се подготвуваат материјали  во форма на известувања каде се разработени актуелните сметководствени и финансиски теми, како и теми од деловно право и фискални давачки.

СИСТЕМАТИЗАЦИЈА

Превземи документ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *