Главната идеја на формирање на друштвото Книго Прима (“Книго” -деловни книги/евиденција, “Прима” прв-прво) во деветесите години на минатиот век беше да се основа фирма која ќе дава услуги од областа на сметководството и финансиите на малите и средните претпријатија кои тукушто се формираа во нашата земја.Во тоа време работевме и живеевме во општество во кое беа потребни компаниини со нови видици, а целта на нашиот тим од петмина беше да ја постави компанијата на стабилна основа, во рамките на регистриранта дејност и да даде сметководствени услуги кои ќе се темелат на:
- правилно пренесување на вистината;
- извршување на активностите согласно сопствените убедувања;
- сигурност дека поставените задачи ќе бидат извршени;
- спремност да се препознаат и штитат интересите на клиентите;
- вистинска посветеност кон работата за доброто на другите;
- -превземање обврска за вршење на строго поставените задачи со респект кон потенцијалните последици;
- достоинство/ учтивост/ толерантност и способност за усогласување;
- почитување на прописите и чесно извршување на активностите поврзани со општествениот интерес;
- рамноправен однос кон луѓето и појавите и
- непристрасност и искреност
Започнавме далечната 1990 да вршиме сметководствени услуги најпрвин за три фирми. Со текот на годините клиентите се множеа. Во тоа време наш најголем предизвик беше обработка на документација од 6 (шест) години за Детската градинка 11-ти Октомври.
Во 1998 година отворивме своја e-mail адреса papazsan@mpt.com.mk, при што можевме да ги спознавамe и користиме предностите на електронската пошта, а интернет пристапот ни ја олесни работата неколкукратно.