Друштвото КнигоПрима е една од водечките друштва за вршење на сметководствени услуги во Република Македонија , основана 1990 година. Низ годините и во согласност со трендовите КнигоПрима прерасна во компанија која покрај основната сметководствена дејност дава услуги и од финансиското известување, интерни извештаи и ревизии, даночни консултации, правни услуги од стопанското право, индивидуален консалтинг во областа на финансиите како и вработување во име на клиентите. Иако работи на територијата на Македонија дел од клиентите се и реномирани светски компании.
Квалитетот на нашите услуги се темелат на континуирана едукација, која пак е резултат на редовна посета на работилници, семинари и симпозиуми во земјата и во странство. Како учеството во работата на Меѓународниот форум за развој на сметководствената професија со седиште во Брисел, работилниците одржани во Лондон, Атина, Белград, Кипар и Малта се е непроценливо важно за обезбедување на квалитет при давање на сметководствените услуги.
Нашата компанија со својот тим се стекна со лиценцирана компјутерска опрема како и софтвер за обработка на податоци, со кои даваме сигурна, ефикасна и навремена услуга. Го следевме брзиот технолошки развој и редовно ја обновуваме нашата комјутерска опрема со понови генерации на комјутери, се со цел обезбедување сигурна сметководствена комјутерска евиденција за нашите клиенти.
Квалитетот на нашите услуги се темелат на континуирана едукација, која пак е резултат на редовна посета на работилници, семинари и симпозиуми во земјата и во странство. Како учеството во работата на Меѓународниот форум за развој на сметководствената професија со седиште во Брисел, работилниците одржани во Лондон, Атина, Белград, Кипар и Малта се е непроценливо важно за обезбедување на квалитет при давање на сметководствените услуги.
Клиентите на КнигоПрима се од приватниот, јавниот и невладиниот сектор со кои друштвото ги извршува услугите врз основа на посебен ангажман и специфицирани договори. Нашите вработени поседуваат високи професионални компетенции, стручни и научни звања: овластени сметководители, даночни советници, финансиски фонрезичар, магистри и правник со положен правосуден испит. Сите се носители на уверенија за сметководители и овластени сметководители.
СПОСОБНОСТИ.
За своите клиенти во континуитет се подготвуваат материјали во форма на известувања каде се разработени актуелните сметководствени и финансиски теми, како и теми од деловно право и фискални давачки.
КНИГОПРИМА КОНСАЛТИНГ