...

Друштвото Книгоприма Консалтинг е една од водечките друштва за вршење на сметководствени услуги во Македонија, основана 1990 година. Низ годините и во согласност со трендовите КнигоПрима прерасна во компанија која покрај основната сметководствена дејност дава услуги и од финансиското известување, интерни извештаи и ревизии, даночни консултации, правни услуги од стопанското право, индивидуален консалтинг во областа на финансиите како и вработување во име на клиентите. Иако работи на територијата на Македонија дел од клиентите се и реномирани светски компании. Квалитетот на нашите услуги се темели на континуирана едукација, која пак е резултат на редовна посета на работилници, семинари и симпозиуми во земјата и во странство. Како учеството во работата на Меѓународниот форум за развој на сметководствената професија со седиште во Брисел,  работилниците одржани во Лондон, Атина, Белград, Кипар, Малта и Виена се од непроценлива важност за обезбедување на квалитет при давање на сметководствените услуги.

Повеќе за актуелните информации за компанијата и портфолиото на услуги кои ги нудиме можете да прочитате на следните линкови: За нас  и Нашите услуги.

Тимот на КНИГОПРИМА КОНСАЛТИНГ со своето триесет годишно искуство Ви нуди законита, компетентна и навремена пресметка на плата за Вашите вработени.

Пресметката и обработката на плата подразбира доследно почитување на позитивните законски прописи од областа на работните односи, даночната регулатива, придонесите од задолжителното социјално осигурување и подзаконските акти на самата компанија.

Услугата пресметка на плата и придонеси на вработени опфаќа:       

-Обработка на податоци за евиденција на работно време (обработени часови, прекувремена работа, ноќна работа, работа на државен празник, работа во смени);

-Пресметка на задршки, бонуси, дедукции, регрес за годишен одмор, јубилејни награди, отпремнини, испратнини;

-Пресметка на плата, даноци и придонеси од задолжително социјално осигурување;

-Подготовка на платни листи и потврди за плата и

-Поднесување до УЈП преку МПИН клиентски софтвер.

Вредноста на услугата по ставки зависи од бројот на вработени во компанијата, а цените се однесуваат за еден вработен.

-До 10 вработени – 590,00 денари по вработен месечно + ДДВ

-До 50 вработени – 470,00 денари по вработен месечно + ДДВ

-До 100 вработени – 350,00 денари по вработен месечно +ДДВ

-Над 100 вработени – 290,00 денари по вработен месечно + ДДВ

Што се однесува до условите за плаќање, фактурата се доставува од 1-ви до 05-ти тековниот месец, за извршените услуги од претхониот месец. Плаќањето од Ваша страна треба да биде во рок од 15 (петнаесет) дена по доставувањето на фактурата.