Согласно член 12-а од Законот за данокот на добивка (Службен весник на РМ, бр. 112/14, 129/15, 23/16, 190/16, 248/18, 158/19, 232/19 и Службен весник на РСМ, бр. 275/2019), обврзниците на данокот на добивка кои во текот на 2019 година оствариле приход поголем од 300 милиони евра, потребно е да достават Извештај за трансферни цени до Управата за јавни приходи најдоцна до 30ти септември 2020 година. Извештајот за трансферните цени содржи податоци исклучиво за трансакциите со поврзаните лица нерезеиденти.
Даночниот обврзник ќе поднесе Извештај за трансферни цени во скратена форма, ако вкупната вредност на трансакциите со поврзаните лице нерезиденти за 2019 година не надминува 10 милиони денари.
Извештајот се доставува во електронска или хариена форма. Формата и содржината на Извештајот се уредени со Правилникот за формата и содржината на извештајот за трансферни цени, видовите методи за утврдување на цената на трансакцијата со принципот на „дофат на рака“ и начинот на нивна примена (Службен весник на РСМ бр.59/19).
Обврзникот го избира најсоодветниот метод за утврдување на цената на трансакцијата меѓу поврзаните лица во согласност со принципот на „дофат на рака“.Изборот на методот се базира на анализа на фактите пришто е потребно да се согледа:
1)природата на трансакцијата;
2)достапност и веродостојност на податоците;
3)степенот на споредливост меѓу трансакциите кои се извршени меѓу поврзани лица со трансакциите извршени со или меѓу неповрзани лица и
4)соодветноста на користење на финансиските податоци на неповрзаните лица за анализа на усогласеноста на трансферните цени по поединечни видови на трансакции кои обврзникот ги извршува со поврзани лица.
Доколку се појави разлика помеѓу трансферните и пазарните цени, истата може да предизвика корекција на поднесениот Даночен биланс за 2019 година.
Друштвото Книгоприма Консалтинг е една од водечките друштва за вршење на сметководствени услуги во Македонија, основана 1990 година. Низ годините и во согласност со трендовите КнигоПрима прерасна во компанија која покрај основната сметководствена дејност дава услуги и од финансиското известување, интерни извештаи и ревизии, даночни консултации, правни услуги од стопанското право, индивидуален консалтинг во областа на финансиите како и вработување во име на клиентите. Иако работи на територијата на Македонија дел од клиентите се и реномирани светски компании. Квалитетот на нашите услуги се темели на континуирана едукација, која пак е резултат на редовна посета на работилници, семинари и симпозиуми во земјата и во странство. Како учеството во работата на Меѓународниот форум за развој на сметководствената професија со седиште во Брисел, работилниците одржани во Лондон, Атина, Белград, Кипар, Малта и Виена се од непроценлива важност за обезбедување на квалитет при давање на сметководствените услуги.
Повеќе за актуелните информации за компанијата и портфолиото на услуги кои ги нудиме можете да прочитате на следните линкови: За нас и Нашите услуги.
Тимот на КНИГОПРИМА КОНСАЛТИНГ со своето триесет годишно искуство Ви нуди законита, компетентна и навремена пресметка на плата за Вашите вработени.
Пресметката и обработката на плата подразбира доследно почитување на позитивните законски прописи од областа на работните односи, даночната регулатива, придонесите од задолжителното социјално осигурување и подзаконските акти на самата компанија.
Услугата пресметка на плата и придонеси на вработени опфаќа:
-Обработка на податоци за евиденција на работно време (обработени часови, прекувремена работа, ноќна работа, работа на државен празник, работа во смени);
-Пресметка на задршки, бонуси, дедукции, регрес за годишен одмор, јубилејни награди, отпремнини, испратнини;
-Пресметка на плата, даноци и придонеси од задолжително социјално осигурување;
-Подготовка на платни листи и потврди за плата и
-Поднесување до УЈП преку МПИН клиентски софтвер.
Вредноста на услугата по ставки зависи од бројот на вработени во компанијата, а цените се однесуваат за еден вработен.
-До 10 вработени – 590,00 денари по вработен месечно + ДДВ
-До 50 вработени – 470,00 денари по вработен месечно + ДДВ
-До 100 вработени – 350,00 денари по вработен месечно +ДДВ
-Над 100 вработени – 290,00 денари по вработен месечно + ДДВ
Што се однесува до условите за плаќање, фактурата се доставува од 1-ви до 05-ти тековниот месец, за извршените услуги од претхониот месец. Плаќањето од Ваша страна треба да биде во рок од 15 (петнаесет) дена по доставувањето на фактурата.