Нашата компанија со својот тим се стекна со лиценцирана компјутерска опрема како и софтвер за обработка на податоци, со кои даваме сигурна, ефикасна и навремена услуга. Го следевме брзиот технолошки развој и редовно ја обновуваме нашата комјутерска опрема со понови генерации на комјутери, се со цел обезбедување сигурна сметководствена комјутерска евиденција за нашите клиенти.
Со цел да бидеме што по достапни до нашите клиенти, добавувачи и потенцијални корисници на нашите услуги поготвивме наша web страница www.knigоprima.com.mk.
Постојана грижа за вработените и грижата за клиентите на Книго Прима беа непосредно поврзани. Задоволство е кога успешно и навремено се завршени обврските, но уште поголемо е задоволството кога клиентите ви го потврдуваат тоа.
Настојувавме да обезбедиме пристојни услови за работа во своите нови деловни простории, а со тоа и грижата за oкoлината која не опкружува.
Огромна благодарност до сите 276 фирми за довербата што ја имаа во нас, но најголема благодарност до 99-те фирми кои ги добиваат нашите услуги денес.
Доказ за успешноста во првите две декади се стекнатите домашни и меѓународни признанија, благодарници за активна и успешна долгогодишна соработка и за значаен допринос во остварувањето на целите, задачите на асоцијациите на сметководители во Македонија, Србија, Хрватска и Словенија.