Квалитет, едукација, дигитализација, почитуван бизнис советник , нашата мисија која започна 1990 и сеуште трае, се развива и расте.
Квалитетот на нашите услуги се темелат на континуирана едукација, која пак е резултат на редовна посета на работилници, семинари и симпозиуми во земјата и во странство. Како учеството во работата на Меѓународниот форум за развој на сметководствената професија со седиште во Брисел, работилниците одржани во Лондон, Атина, Белград, Кипар и Малта се е непроценливо важно за обезбедување на квалитет при давање на сметководствените услуги.
Природно е да се тежнее кон развој. Се стекваме со лиценца за работа согласно Законот за вршење сметководствени работи и во тек е имплементација на стандардите за квалитет се со цел повисок квалитет на нашите услуги и зголемување на задоволството кај нашите клиенти. Ги проширивме нашите услуги со давање на услуги од полето на „интерната ревизија„ и „финансиската анализа„.
Дигитализација и нашиот предизвик сега! За нас подразбира имплементација на процесот кој гарантира апсолутна безбедност на е-документите, целосна контрола и мониторниг на тие интегрираните процеси како и автентичност и потврда на идентитетот на сите клучни учесници во интегрираните процеси. Нашите вработени сметководителиимаат потребни дигитални знаења и се подготвени да одговорат на барањата на интегрираните сметководствени системи. Работењето без хартија со сигурност и за нас станува реалност само е прашање, дали и до кој степен општествето ќе се сплоти со трендот. Од посебна важност е обезбдедување на тајност на дигиталните документи, неможност за неосновано менување на содржината на овие документи, стекнување доверливост, но и право на достапност во периодот на чување на е-документите.
Со реализација на овие цели Книго Прима се вклопува во глобалните трендови како динамична но сигурна фирма, што не движи сите нас.