Од 1ви јуни 2019 година, стапија на сила одредбите на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (,,Сл.весник на Република Македонија’’ бр.120/18), со кои се утврди нов праг на максималниот износ за плаќање во готовина.
Согласно член 182 став 2, а во врска со член 48 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
Субјектите што со закон се овластени за регистрација на хартии од вредност, друг имот или правни работи, или за пријавување или вршење на пренос на пари, хартии од вредност или друг имот, можат да извршат таква регистрација или пренос само ако клиентот поднесе доказ дека преносот на парите над износот од 500 евра или повеќе во денарска противвредност е извршен преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
Готовина се книжни и ковани пари кои согласно закон се во оптек во Република Македонија или во странска држава.
На кој начин може да се изврши плаќање на стоки и услуги над утврдениот праг од 500 евра во денарска противвредност?
Со користење на платежни картици, со уплатница во банка, преку штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
На кого не се однесува забраната?
Забраната за плаќање во готовина во износ од 500 евра или повеќе не се однесува единствено на приредувачите на игри на среќа.
Кој врши надзор во однос на примената на забраната за готовински плаќања?
Управата за јавни приходи во согласност со своите надлежности врши надзор врз правни и физички лица во однос на примената на забраната за готовински плаќања во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност.
Какви прекршочни одредби утврдува Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам за непочитување на забраната за готовински плаќања?
Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам предвидува глоба во износ од 30.000 евра во денарска противвредност за правното лице, односно трговец поединец кој ќе постапи спротивно на забраната утврдена во член 182 став 2, а во врска со член 48 од истиот Закон.
За лице кое врши јавно овластување или за физичко лице, предвидена е глоба во износ од од 12.000 до 15.000 евра во денарска противвредност.
во врска со предложениот Нов Закон за данок на личен доход кој треба да започне да се применува од 01 јануари 2019 година, а ќе престане да важи постојниот Закон за персонален данок од доход и други измени на законските решенија во Законот за УЈП, Законот за спречување на перење пари и финансисрање тероризам (ЗСППФТ) и Законот за фискализација
Со предложениот Закон за данок на личен доход се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот, даночната основа за пресметување на данокот, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот и други прашања значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.
Новиот предлог закон доходот го категоризира во две основни видови категории на дохот и тоа:
————————————————————————————————————–
Годишна даночна основа (бруто) до 1.080.000,00 – применлива стапка 10%
Годишна даночна основа (бруто) од 1.080.001,00 – применлива стапка 18%
При поединичени бруто исплати до 90.000 – применлива стапка 10%
Од 90.001,00 – применлива стапка од 18%
—————————————————————————————————————
Годишна даночна основа (нето) до 972.000,00 – прогресивна стапка 11,1111 %
Годишна даночна основа (нето) од 972.001,00 – прогресивна стапка 21,9512%
При поединичени нето исплати до 81.000,00 – прогресивна стапка 11,1111%
Од 81.001,00 – прогресивна стапка од 21,9512%
—————————————————————————————————————-
-Недвижен имот продаден во период од 3 години по стекнувањето доколку живее во него 1 година пред продажбата (90% * 15%
– Недвижен имот продаден по 5 години од стекнувањето (не се оданочува)
– Од хартии од вредност (90% * 15%)
– Учество во капиталот (90% * 15%)
– Друг подвижен имот (90% * 15%)
– Нематерјален имот (100% *15)
добивки од игри на среќа, доход од осигурување и друг доход.
Овие видови на доход се оданочува со единствена применлива стапка од 15%.
Рамен данок од 15% независно од висината на бруто доходот односно рамен данок од 17,6471% независно од висината на нето доходот.
Останатите придонеси остануваат непроменети
Заклучок: придонесите од плати се зголемуваат за 0,50%
Бруто плата од 25.000 во декември 2018 НЕТО = 17.178,00
Бруто плата од 25.000 во јануари 2019 НЕТО = 17.113,00
РАЗЛИКА = 65,00 на месчно ниво
Неопремена просторија:
Бруто доход = 60.000,00
Признати трошоци = 6.000,00
Даночна основа = 54.000,00
Данок од доход= 8.100,00
Нето износ за исплата= 51.900,00
ОПРЕМЕНА просторија
Бруто доход = 60.000,00
Признати трошоци = 9.000,00
Даночна основа = 51.000,00
Данок од доход= 7.650,00
Нето износ за исплата= 52.350,00
—————————————————————————————————————-
Глобите за неприменување на овие одредби од ЗСППФТ изнесуваат 30.000 евра за правното лице и 30% од одмерената глоба на правното лице за одговорното лице (9.000 вера).
Управата за јавни приходи има обврска да прибира податоци за сите поединечни исплати на физичките лица преку трансакциските сметки кои се водат во овластените банки.
Овластените банки имаат обврска до 28.02.2019 година до УЈП да достават податоци за носителот на платен промет (банката); податоци за физичкото лице примач (име презиме и ЕМБГ); податоци за налогодавачот; податоци за износот на приливот и други податоци за приливот (шифра и основ за исплата, шифра на земја и валута ако исплатата е од странство).
Сметано од јануари 2019 година банките овие податоци до УЈП ќе ги доставуваат во рок од 15 дена во месецот за претходниот месецот.
Со оваа новина во секое време Управата ќе ги има информациите за исплатите кон физичките лица по сите основи (оданочиви и неоданочиви).
За лицата кои имаат примања – данок од доход од странство данокот на личен доход имаат обврска да го плаќаат во рок од 10 дена во месецот за претходниот месец.
Членот 25 став (1) од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16), гласи:
„Данок на промет на недвижности не се плаќа:
1) на прометот на недвижности во постапката на експропријација;
2) кога странско дипломатско, односно конзуларно претставништво го пренесува правото на сопственост на недвижности, под услов на реципроцитет;
3) кога правото на сопственост се пренесува заради намирување на обврските по основа на јавни приходи во постапката за присилна наплата;
4) на прометот на недвижности меѓу државни органи, меѓу државни органи и општините и меѓу општините;
5) на прометот на недвижности во постапката на конфискација;
6) на прометот на станови во општествена сопственост, доколку во купопродажниот договор не е уредено чија е обврската за плаќање на данокот;
7) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на државни органи заради наплата на побарувања во стечајни и извршни постапки;
8) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на давателот на доживотното издржување кој во однос на примателот на издржувањето се наоѓа во прв наследен ред и тоа само за делот на недвижноста кој би го наследил според Законот за наследување и без давање на издршката;
9) на првиот промет на станбени згради и станови кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата на кој е пресметан данок на додадена вредност;
10) при вложување на недвижности во капиталот на трговските друштва;
11) на тргувањето со хартии од вредност, во смисла на Законот за хартии од вредност и
12) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на банките како доверители, заради наплата на парично побарување, доколку во рок од три години го продадат стекнатиот имот.“.
Одредбата од членот 25 став (1) точка 10) од Законот за даноците на имот треба да се толкува, така што, кога се спроведува статусна промена како присоединување, спојување и поделба на друштвата со која се врши и пренос на имот (недвижност) во капиталот на друштвата, се смета за вложување на недвижности во капиталот на трговските друштва со што даночните обврзници се ослободени од плаќање на данок на промет на недвижност.