Се продолжува рокот за поднесување на Годишна сметка до 24.03.2020 година

Централниот регистар  преку својот веб портал објави известување до трговските друштва и другите обврзници за поднесување на Годишна сметка, дека рокот за поднесување на Годишна сметка се продолжува до 24.03.2020 година. Согласно известувањето, продолжувањето на рокот за поднесување на Годишна сметка е поради новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот […]

Се продолжува рокот за поднесување на “ДБ”, ,,ДБ-ВП”,,,ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” И “Б” Образец до 24.03.2020 година

Управата за јавни приходи преку својот веб портал објави известување до даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс  на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”),  Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од […]

Појаснување за најчесто поставувани прашања околу уредното составување и доставување на даночните биланси за 2019 година

Министерството за финансии на својот веб портал објави појаснување за најчесто поставувани прашања околу уредното составување и доставување на даночните биланси за 2019 година. Заради претстојниот период на поднесување на Даночни биланси, кои Даночни биланси ќе се поднесуваат и за кој периoд ќе се однесуваат? Со оглед на поместувањето на рокот за доставување на Извештајот […]

Измена на правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување

Согласно член 47 од Законот за данокот на добивка, Министерот за финансии донесе Правилник за изменување и дополнување на правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување. Со измените се врши усогласување на одредбите на правилникот во делот на даночно непризнаени расходи […]

Данок на добивка

На работилницата одржана на 16.12.2019 година, се дискутираше за измените и дополнувањата кои се однесуваат на Законот за данокот на добивка, со посебен акцент на обврските норминари во нив со цел нивно навремено и законито спроведување. Една од новините внесени со измените стапени на сила од 1ви јануари 2019 година е утврдувањето на услови под […]

Данок на личен доход

На 16.12.2019 година во Хотел ”Порта” – Скопје, Книгоприма Консалтинг одржа работилница на тема: Имплементација на новините содржани во даночните прописи и Попис на средства и обврски за 2019 година. Во рамки на даночните прописи се дискутираше за одредбите на Законот за данок на личен доход стапи на сила на 1ви јануари 2019 година. Претходно […]

Правилник за начинот на примена на даночното изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување

Врз основа на член 82 став (3) од Законот за данокот на личен доход, Министерот за финансии донесе правилник  со кој се пропишува начинот на примена на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице, како и формата и содржината на обрасците […]

Правилник за формата, содржината и начинот на составување на Годишниот даночен биланс за обврзниците кои вршат самостојна дејност

Согласно член 37 став (2) од Законот за данокот на личен доход, Министерот за финансии донесе правилник со кој  се пропишува формата, содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс за обврзниците кои остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност и кои се должни да водат деловни книги. Годишниот даночен биланс се изготвува на […]

Измени на Законот за данокот на добивка – нов рок за поднесување на Извештај за трансферни цени  

Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 275/19, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка . Со измените се уредуваат оддлените видови на непрофитни организации кои нема да бидат обврзници за данокот на добивка, односно се определува дека здруженија на граѓани и фондации како и нивните сојузи и […]

Од 1-ви јануари 2020 година започнуваат да се применуваат измените и дополнувања на Законот за личен доход

Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.275/2019, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за личен доход со кој примената на прогресивната даночна стапка се става во мирување за период од 36 месеци, односно до 1-ви јануари 2023 година. Со измените се утврдува следното: -оданочување на доходот од работа, доходот од самостојна […]