НОВ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Во Службен весник бр.151/22 од 12.07.2022 година, објавен е новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Согласно образложението на предлагачот на законот – причините за негово донесување, произлегле од потребата за усогласување со европското acquis односно законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, односно одредбите од Директива 2018/843 за спречување […]

Измени и дополнувања на Законот за трговија

Во ,,Службен весник на РСМ’’ бр.150/22 од 01.07.2022 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија. Се изменува член 25 став 1 и став 4 од Законот со кои се утврдува дека трговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници […]

Измени и дополнувања на Правилникот за обновливи извори на енергија

Согласно измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија (,,Службен весник на РСМ’’ бр.138/2022), домаќинство, заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда или заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда кои склучиле договор за вршење управувачки услуги со управител на станбени згради за потребите на заедничите делови во станбената […]

Дополнување на Законот за акцизите

Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија” број 57/2022 објавен е Законот за дополнување на Законот за акцизите. Со дополнувањата на Законот за акцизите, се утврдува можност на поинаква пресметка на акцизата во услови на големи природни непогоди или епидемии во Република Северна Македонија, на прогласена воена состојба, на утврдено постоење на вонредна состојба или […]

Измени и дополнувања на Законот за ДДВ

Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија” број 57/2022 објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Со измените на Законот за ДДВ, се утврдува ослободување од ДДВ за производите за човечка исхрана со право на одбивка на претходниот данок за следните производи: – Леб без содржина на додаден […]

Поднесување на барање за претворање на финансиска поддршка за исплата на плати во грант

Управата за јавни приходи известува дека работодавачите (правни лица и самовработени лица за своите вработени) кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати за вработените, согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година („Службен […]

Јавен повик за пријавување на интерес од угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари

Јавниот повик за пријавување на интерес од угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари е објавен на веб страната на Министерството за економија. Крајниот рокот за поднесување на барањето е 31 Мај 2021 година. Барањата со комплетна документација […]

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри

Предмет на финансиска поддршка на фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со Одлука на Владата. Право на учество имаат сите регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои се регистрирани и приоритетна дејност им е: 74.20 Фотографски дејности; 93.13 Објекти за фитнес. Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во […]

Рок за поднесување на корегирано барање за враќање на финансиска поддршка и за претворање на финансиската поддршка во грант до 31.03.2021 година

Управата за јавни приходи на својпот веб портал ги известува сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот […]

Нова Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ

Новата Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност е објавена во ,,Службен весник на РСМ’’ бр.316/2020 и истата ќе се применува од 1 јануари 2021 година. Одлуката е усогласена со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност (,,Службен весник на РСМ’’ број […]