...

Политика за приватност

Книгоприма Консалтинг Ве уверува дека податоците внесени на нашата веб страна www.knigoprima.com.mk нема да бидат злоупотребени, објавени во каков било медиум или споделени со друго трето правно, односно физичко лице во согласност со Законот за заштита на личните податоци и позитивната законска регулатива. Книгоприма Консалтинг ќе ги обработува и чува Вашите лични податоци собрани преку веб страната во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во Република Северна Македонија. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани.

Книгоприма Консалтинг презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Со пристапот или со користењето на веб страната на Книгоприма Консалтинг, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на веб страната www.knigoprima.com.mk Доколку корисникот не се согласува со овие услови го молиме да не пристапува на веб страната.

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на веб страна.

Доколку имате какви било прашања во врска со заштитата на личните податоци, Ве молиме да ни испратите електронска порака на мејл адресата на нашиот контролор за заштита на податоци:

Славица Трпевска

мејл адреса: strpevska@knigoprima.com.mk

тел: +389 2 20 40 404