...

Аутсорсинг услуги

Аутсорсинг услуги за надворешен пазар и странски инвеститори на домашен пазар

 

Нашите експерти ќе обезбедат  комплетен сет од сметководствени, консалтинг, правни и стручно- административни услуги  со согласност со применливото законодавство за Вашите деловни единици.

Аутсорсинг услугите на Книгоприма Косансалтинг ви овозможуваат намалување на ризиците од неисполнување на законските обврски од област на деловното работење, намалување на трошоците, подобрување на флексибилноста на бизнисот,  избегнување на недостатокот на човечки фактор како и зголемена фокусираност на вашата компанија во предметот на Вашето работење.

Долгогодишното искуство на тимот како и современите ИТ решенија на Книгоприма Консалтинг гарантираат квалитетни, навремени и без- хариени услуги за Вашата компанија.

 

 

Ауторсинг сметководствените услугите за надворешен пазар и странски инвеститори на домашен пазар опфаќаат:

 

  • водење и евидентирање во главна книга (синтетика);

  • водење и евидентирање на помошни книги (аналитика) на материјалните и нематеријалните средства;

  • водење и евидентирање на аналитика на купувачи и добавувачи;

  • водење на аналитика и евидентирање на долгорочни и краткорочни заеми, кредити и слични обврски;

  • материјална евиденција на прием во калкулации и/или излезни фактури;

  • подоговка на компензации, цесии и асигнации за потреба на клиентот;

  • пресметка на каматни листи;

  • подготовка и достава на соодветни извештаи;

  • активности околу годишниот попис на средства, побарувања и обврски;

  • благајничко работење, дневен пазар, патни и материјални трошоци;

  • амортизација и вредносно усогласување на материјалните и нематеријалните средства;

  • електронски пренос на сметководствена документација:

  • електронски пренос на сметководствена евиденција;

  • подготовка и достава во електронска форма на биланси, спецификации и картици согласно потребите на клиентите и

  • Подготовка на финансиски извештаи во склад со IFRS стандарди.

 

 

Ауторсинг консалтинг услугите за надворешен пазар и странски инвеститори на домашен пазар опфаќаат:

 

  • даночно планирање за клиенти;

  • проценка на даночен ризик како и нивна оптимизација;

  • подготовка и достава на финансиски извештаи;

  • анализа на сметководственото работењето;

  • анализа на финасиски извештаи;

  • анализа на работењето на обврзници со примена на математички модели во форензика;

  • спроведување на форензичко испитување, подготовка на форензички извештај;

  • консултации во врска со даночно право за странски инвеститори;

  • анализа на расходи и нивна оптимизација;

  • подготовка и анализа на извештај за обезбедување на квалитет во финаниско работење;

  • спроведување на анализа на интерни процедури, процеси и нивно спроведување (due diligence) за странски инвеститори на домашен пазар и

  • спроведување на интерна контрола на процеси, процедури, евиденција и финансиско работење.

 

 

Аутсорсинг правни и стручно административни услуги за надворешен пазар и странски инвеститори на домашен пазар опфаќаат:

 

  • подготовка на комерцијални и менаџерски договори;

  • советување во делот на човечки ресурси, вклучувајќи и подготовка на договори за вработување и спроведување на процедури за вработување на работници кај клиент;

  • спроведување на услуги за регрутација на вработени, вклучувајќи и спроведување на тестирања и интервјуа, скрининг и избор на кандидати, прием на вработени;

  • посредување при вработување и времено вработување на работници кај клиенти, вклучувајќи и оперативен менаџмент на доделени вработени, обезбедување на опрема за работа, регрутација и тренинг на вработени;

  • спроведување на “back office” услуги за клиенти вклучувајќи и административно работење, одржување и чување на евиденција, усогласување со регулатива.