Согласно измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија (,,Службен весник на РСМ’’ бр.138/2022), домаќинство, заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда или заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда кои склучиле договор за вршење управувачки услуги со управител на станбени згради за потребите на заедничите делови во станбената зграда, мал потрошувач, буџетски корисник и единка корисник, може да изгради постројка за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енергија ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена електрична енергија го предава во електродистрибутивната мрежа (во понатамошен текст потрошувач-производител).
Потрошувачот-производител може да го предава вишокот на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа ако:
-не е снабдуван со електрична енергија од снабдувач во краен случај
-инсталира фотонапонски систем или мала ветерна електроцентрала како постројка за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија (во понатамошен текст постројка за производство) на градба на која има право на сопственост или на користење
-инсталираната моќност на постројката за производство да не е поголема од 6kw за домаќинство, 6 kw за заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда или заедница на домаќинства-сопственици на посебни делови во станбена зграда кои склучиле договор за вршење управувачки услуги со управител на станбени згради за потребите на заедничите делови во станбената зграда односно 40 kw за мал потрошувач, буџетски корисник и единка корисник
-на односите помеѓу потрошувачот-производител и операторот на електродистрибутивниот систем се применуваат Општите услови за пристап и користење на електродистрибутивната мрежа
-потрошувачот-производител и снабдувачот односно универзалниот снабдувач кој го снабдува со електрична енергија, во рок од 30 дена од денот на прием на барањето од потрошувачот-производител, склучуваат договор за снабдување со електрична енергија и предавање на вишокот произведена електрична енергија во електродистрибутивната мрежа, чиишто елементи се определени во Правилата за снабдување со електрична енергија.
Вишокот на електричната енергија што снабдувачот ја презема од потрошувачот-производител (С) во пресметковниот период се вреднува на следниот начин:
-C=PCE*0.9, ако во пресметковниот период Ei>=Ep
-C=PCE*0.9 Ei/Ep, ако во пресметковниот период Ei<Ep
Ei = вкупната електрична енергија испорачана од снабдувачот и преземена од потрошувачот-производител во рамки на пресметковниот период изразена во kWh
EP = вкупната електрична енергија предадена во електродистрибутивната мрежа од потрошувачот-производител во рамки на пресметковниот период изразена во kWh
PCE = просечната цена на електрична енергија која потрошувачот-производител ја плаќа на снабдувачот за купената електрична енергија, без надомест за користење на мрежа и други надоместоци и даноци, во рамките на пресметковниот период изразена во MKD/kWh.
Ако електричната енергија произведена од пот-рошувачот-производител предадена на електродистри бутивната мрежа ја презема универзалниот снабдувач, вишокот на преземената електрична енергија во пресметковниот период се вреднува согласно наведената формула, при што во овој случај PCE е просечната набавна цена на електрична енергија која универзалниот снабдувач ја набавува за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи.
Пресметковниот период изнесува шест месеци, при што првиот пресметковен период е од јануари до јуни, а вториот пресметковен период е од јули до декември.
Ако постројката на потрошувачот-производи-тел започне со работа по отпочнувањето на пресметковниот период, кој во тој случај е пократок од шест месеци, ќе трае до истекот на пресметковниот период.
Снабдувачот со електрична енергија може на потрошувачот-производител да му понуди друг начин на пресметка на цеата на електричната енергија и пресметковен период кои се поповолни за потрошувачот-производител.
За издавање на гаранција за потекло на електрична енергија произведена од обновливи извори, производителот на електричната енергија поднесува барање до Агенцијата за енергетика, на посебен образец објавен на веб страницата на Министерство за економија.
Кон барањето се доставуваат следните документи:
-доказ дека е уплатен надоместокот за издавање на гаранција за потекло, во согласност со тарифникот на Агенцијата
-документ од операторот на електропреносниот или електродистрибутивниот систем за измерените количини предадена електрична енергија во мрежата, и
-изјава од барателот дека не поднел барање за издавање на гаранција за потекло до надлежен орган на друга држава за електричната енергија која е предмет на поднесеното барање до Агенцијата.
Агенцијата води Регистар на електроцентрали кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија.
Во Регистарот на електроцентрали се запишуваат електроцентралите, односно потројките за производство на:
-повластени производители коишто користат повластени тарифи
-повластени производители коишто користат премии
-производители на електрична енергија од обновливи извори коишто не користат мерка на поддршка, а се приклучени на соодветниот енергетски систем
-потрошувачи-производители
-поотрошувачи кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори наменета за сопствена потрошувачка
-производители кои користат друга мерка за поддршка на обновливи извори на енергија.
Уписот во Регистарот на електроцентрали се врши врз основа на барање поднесено од производител на eлектрична енергија од обновливи
Кон барањето за упис, барателот ги доставува и/или Агенцијата по службена должност ги обезбедува следните документи:
-одобрение за употреба на енергетскиот објект или извештај за извршен технички преглед од надзорниот инженер за објектите за кои не е потребно издавање на одобрение за употреба
-договор за приклучок склучен помеѓу производителот и операторот на електродистрибутивниот систем со документ контрола на мерно место, односно договор за користење на преносната мрежа со операторот на електропреносниот систем, со кои се потврдува дека енергетскиот објект е поврзан на соодветниот систем
-топографска карта во размер 1:000 во која е вцртана локацијата на електроцентралата
-ситуација на електроцентрала и шематски приказ на основната опрема, вклучувајќи го приказот на мерната опрема
-за барател – правно лице, тековна состојба на субјектот не постара пд 15 дена од денот на поднесувањето на барањето.