...

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 267/20), се утврдува дека за фактура во електронска форма, покрај фактурите издадени согласно со членот 53-б од овој закон, се сметаат и фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат) која ги содржи сите елементи согласно со членот 53 став (10) од истиот закон и е доставена по електронски пат до примателот на прометот.

Вршителот на промет, кој ја издава фактурата на ваков начин е должен да го извести примателот на прометот, преку електронска пошта, електронска порака и/или на друг начин дека фактурите и другите документи ќе ги издава во електронска форма.

Вршителот на прометот кој нема да го извести примателот на прометот ќе продолжи да издава фактури во хартиена форма.

Примателот на прометот во рок од 10 дена од приемот на известувањето има право да го извести издавачот на фактурата дека ја одбива оваа форма на достава. Доколку по истекот на 10 дена од применото известување примателот на прометот не ја одбие формата на достава, ќе се смета дека е согласен доставата на фактури во електронска форма.

Фактурата во електронска форма да ги исполнува барањата утврдени во член 53-б став (3) од Законот за данокот на додадена вредност.

Овие одредби на Законот за данокот на додадена вредност ќе важат до 31.12.2021 година.