...

Управата за јавни приходи преку својот веб портал објави известување до даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс  на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”),  Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година.

Продолжувањето на рокот до 24.03.2020 година е во  насока на постапување по препораките  за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).