Согласно член 37 став (2) од Законот за данокот на личен доход, Министерот за финансии донесе правилник со кој се пропишува формата, содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс за обврзниците кои остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност и кои се должни да водат деловни книги.
Годишниот даночен биланс се изготвува на образец „ДЛД-ДБ“ во А4 формат, во хартија во бела боја.
Годишниот даночен биланс се составува на следниот начин:
-во делот А. Утврдување на основата за пресметување на данокот на доход од самостојна дејност, се искажува нето доходот односно загубата, утврдена со Билансот на приходи и расходи на образецот „Б“ и се искажуваат по одделни видови сите расходи кои не се признаваат за даночни цели,
-во делот Б. Даночни намалувања и ослободувања, се искажуваат сите намалувања на даночната основа и на пресметаниот данок и
-во делот В. Данок за плаќање, се искажува пресметаниот годишен данок, платените аконтации на данокот во текот на годината за која се пресметува данокот и утврдената разлика.
Формата и содржината на годишниот даночен биланс се дадени во Прилог на оваа објава.