...

Измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка во Собраниска процедура

Со текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, се предлагаат новини во однос на обврската за поднесување на Извештај за трансферни цени до Управата за јавни приходи.
Измените се однесуваат на продолжување на рокот за поднесување на извештајот за трансферни цени, односно наместо даночните обврзници да имаат обврска да го доставуваат заедно со даночниот биланс до 28 февруари/15 март во годината, тоа да го сторат до 30 септември.
Исто така, се предлага обврската за поднесување на Извештај на трансферни цени да не се однесува на трансакциите помеѓу поврзани лица резиденти на Република Северна Македонија, како и на обврзниците кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ до 300.000.000 денари.
Воедно, со предложените одредби се уредуваат одделните видови на непрофитни организации кои нема да бидат обврзници на данокот на добивка, се уредува правото на даночен кредит, се дополнуваат и допрецизираат одредбите за непризнаени расходи и се врши усогласување на прекршочните одредби со Законот за прекршоци.

Последно објавени