...

Управата за јавни приходи на својот веб портал ги објави роковите за исполнување на редовни даночни обврски за март 2023 година.

До 10-ти март– Поднесување на пресметки од физичките лица кои остваруваат доход за кој данокот на личен доход не се плаќа по одбивка (закупнини, капитални добивки, доход од странство, друг доход остварен во месец февруари 2023);

До 10-ти март– Поднесување на МПИН за задолжителни социјални придонеси и ДЛД од плати за месец февруари 2023;

До 15-ти март – Поднесување на Годишен даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (Образец ДЛД-ДБ);

До 15-ти март – Поднесување на Билансот на приходи и расходи (Образец Б);

До 15-ти март– Плаќање на МПИН за задолжителни социјални присонеси и ДЛД од плати за месец февруари 2023;

До 15-ти март– Плаќање на аконтации на данокот на личен доход од самостојно вршење дејност за месец февруари 2023;

До 15-ти март– Плаќање на одобрените пресметки кои се поднесуваат од физичките лица и се однесуваат за месец февруари 2023;

До 15-ти март– Плаќање на аконтација за Данок на добивка за месец февруари 2023;

До 15-ти март– Поднесување на Даночен биланс за оданочување на добивка (Образец ДБ). Доколку Годишната сметка до Централниот регистар е доставена во електронска форма;

До 15-ти март– Поднесување на Даночен биланс на вкупен приход (Образец ДБ-ВП). Доколку Годишната сметка до Централниот регистар е доставена во електронска форма;

До 15-ти март–Поднесување на Даночен биланс на непрофитни организации(Образец ДБ-НП/ВП)Доколку Годишната сметка до Централниот регистар е доставена во електронска форма;

До 25-ти март– Поднесување на даночна пријава на Данок на додадена вредност за даночен период 01.02.2023-28.02.2023;

До 25-ти март– Плаќање на даночна обврска за данок на додадена вредност за даночен период 01.02.2023-28.02.2023;

До 30-ти март – Поднесување на Барање за пренесување на искажана загуба (Образец ДД-01).