...

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКА ЦЕНА НА ЛЕБОТ

Во Службен весник на РСМ бр.44/2023 од 28.02.2023 година, објавена е Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.

Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел). Највисоките цени се утврдуваат во висина на цена која изнесува 33 денари по леб со тежина која изнесува 450 грама и повеќе, а со тежина под 450 грама, се утврдува во висина до 33 денари по леб, која цена ќе биде во сооднос со тежината на лебот.

Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“, односно од 28 февруари 2023 и ќе се применува до 31 мај 2023 година.

Последно објавени