...

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДИТЕЛ

Друштвото КнигоПрима е една од водечките друштва за вршење на сметководствени услуги во Република Македонија , со работно искуство повеќе од 30 години. Низ годините и во согласност со трендовите КнигоПрима прерасна во компанија која покрај основната сметководствена дејност дава услуги и од финансиското известување, интерни извештаи и ревизии, даночни консултации, правни услуги од стопанското право, индивидуален консалтинг во областа на финансиите како и вработување во име на клиентите.

КнигоПрима распишува оглас за вработување на:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

  ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА РАБОТНОТО МЕСТО СЕ:

 –Да поседува уверение за сметководител/овластен сметководител

-Претходно работно искуство од 3 години

-Работно искуство во буџетско сметководство ќе се смета за предност

-Одлично познавање на работа на компјутер

-Одлично владеење на програмскиот пакет MS Office, особено MS Excel

-Познавање на сметководствените правила и политики, вклучително МСФИ за МСЕ и МСС и/или Законот за сметководство за буџетски корисници

-Познавање на законскта регулатива особено во областа на даноците

-Познавање на англиски јазик

 

ОПШТИ ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:

 Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења

-Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција

-Подршка при подготовка на редовни месечни финансиски извештаи, статистички извештаи, анализа на должничко-доверителски односи

-Следење на законски регулативи и сметководствени стандарди

-Aдминистративно, архивско и канцелариско работење

-Поддршка при подготовка на извештаи за разни институции (статистика, НБРМ, УЈП)

-Подготовка на плата

-Контрола, следење на комплетна документација

-Комуникација со релевантни државни институции

 

Нудиме вработување на определено време од 6 (шест) месеци со можност за транформација на неопределено време.

Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок.

Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на македонски и англиски јазик на маил адресата info@knigoprima.com.mk

Последно објавени