Со измените во Законот за градење, кои стапија на сила на 25.10.2022 година, се поедноставува процедурата за поставување фотоволтаици и за граѓаните и за бизнисите.
Поставувањето на фотонапонски електроцентрали на објектите до 6 киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение за градење од локалната самоуправа.
Инвеститорите се должни да ја известат Општината и да ги достават потребните документи, односно да достават известување за поставување на фотонапонска електроцентрала кон кое ќе приложат копија од лична карта за физички лица или Извод од Централен регистар за правни лица, имотен лист за објектот на кој се предвидува да се постави фотонапонската електроцентрала, со право на сопственост на инвеститорот. Доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот, се доставува договор или согласност од сопственикот на објектот, како и основен проект за фотонапонска електроцентрала до 6 киловати за домаќинствата, односно до 40 киловати за компаниите.
Со измените се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа.
Контролата дали се поставени фотоволтации како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори.
Управата за јавни приходи на својот веб портал ги објави роковите за исполнување на редовни даночни обврски за октомври 2022 година.
-До 10-ти октомври – Поднесување на пресметки од физичките лица кои остваруваат доход за кој данокот на личен доход не се плаќа по одбивка (закупнини, капитални добивки, доход од странство, друг доход остварен во месец септември;
-До 10-ти октомври – Поднесување на МПИН за задолжителни социјални придонеси и ДЛД од плати за месец септември;
-До 15-ти октомври – Плаќање на МПИН за задолжителни социјални присонеси и ДЛД од плати за месец септември;
-До 15-ти октомври – Плаќање на аконтации на данокот на личен доход од самостојно вршење дејност за месец септември;
-До 15-ти октомври – Плаќање на одобрените пресметки кои се поднесуваат од физичкире лица и се однесуваат за месец септември;
-До 15-ти октомври – Плаќање на аконтација за Данок на добивка за месец септември;
-До 25-ти октомври – Поднесување на даночна пријава на Данок на додадена вредност за даночен период 01.09.2022-30.09.2022 за месечни ДДВ обврзници и за даночен период 01.07.2022-30.09.2022 за тромесечни ДДВ обврзници и
-До 25-ти октомври – Плаќање на даночна обврска за данок на додадена вредност за даночен период 01.09.2022-30.09.2022 за месечни ДДВ обврзници и за даночен период 01.07.2022-30.09.2022 за тромесечни ДДВ обврзници.