Централниот регистар на Република Северна Македонија на својот веб портал известува за обврската утврдена со Законот за вршење на сметководтвени работи, која се однесува на упис на податокот за лиценца во Централниот регистар.
Имено, во член 63 став 4 од Законот за вршење на сметководствени работи член произлегува законската обврска за трговците поединци – сметководители, трговците поединци – овластените сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи кои се запишани во „Регистарот на трговците поединци – сметководители”, „Регистарот на трговците поединци – овластените сметководители ” и „Регистарот на друштвата за вршење сметководствени работи” на кои им е издадена ЛИЦЕНЦА за вршење на сметководствени работи и кои до денот на влегувањето во сила на овој Закон, податокот за ЛИЦЕНЦА за работа не го запишале во Централниот регистар на РСМ се должни да извршат упис во Централниот регистар во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на Законот за вршење на сметководствени работи.
Постапката за упис во Трговскиот регистарот и регистарот на други правни лица што се води во Централниот регистар на РСМ се поведува со поднесување пријава за упис во електронска форма преку едношалтерскиот систем, согласно Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 122/21 и 215/21) и Законот за трговски друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 290/20, 215/21 и 99/22).
Кон пријавата за упис како прилог се приложува Лиценцата за работа .
Законот влезе во сила на 09.08.2022 година, што значи рокот на предметната обврска е заклучно со 08.10.2022 година.