...

Согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци(„Службен весник на РСМ“ бр.42/20 од 16.02.2020), потребно е да се спроведе усогласување на работењето на контролорите и обработувачите на лични податоци најдоцна до 24.08.2021 година.
Правните лица кои вршат обработка на лични податоци треба да ги исполнат следните обврски утврдени во Законот за заштита на личните податоци:
–       Да определат офицер за заштита на лични податоци и да ги утврдат на неговите работи и задачи;
–       Да достават известување до Агенцијата за заштита на лични податоци за определување на офицер за заштита на лични податоци;
–       Да донесат Образец за Известување до Агенцијата за заштита на лични податоци при нарушување на безбедноста односно повреда на личните податоци
–       Да донесат Образец за Известување до субјектот на лични податоци за нарушување на безбедноста/ повреда на личните податоци;
–       Да усвојат Овластување/а за обработка на лични податоци
–       Да усвојат Изјава/ви за обезбедување на безбедност на обработка на личните податоци преку системот на видео надзор и
–       Да усвојат Изјава за приватност при вршење на видео надзор.

За непостапување по одредбите на Законот за заштита на лични податоци, предвидени се прекршоци кои се движат од 100 до 10.000 евра во денарска противвредност.