...

Јавен повик за пријавување на интерес од угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари

Јавниот повик за пријавување на интерес од угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари е објавен на веб страната на Министерството за економија.

Крајниот рокот за поднесување на барањето е 31 Мај 2021 година.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, лично или преку пошта на адреса: ул.”Јуриј Гагарин” 15, Скопје

Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) лоцирани во Туристичките центри во Република Северна Македонија и Туристичките агенции со А Лиценца.

Право на учество немаат некатегоризирани угостителски објекти, угостителските објекти кои не се во туристичките центри или се оддалечени повеке од 1 (еден) километар од туристичките центри.

За пријавување на интерес угостителските објекти за сместување (хотели) до Министерството за економија треба да достават пополнет образец за барање за пријавување на интерес(готов формулар).

Образецот на барањето за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk.

На објавата од Министерството за економија се наведени следните контакти за дополнителни информации:

тел:(02) 3093 540; (02) 3093 536 и (02) 3093 543;

емаил: bekim.hadziu©economy.gov.mk.

Последно објавени