Согласно Одлука на Владата на Република С.Македонија, од денес 10.03.2021 година до 22.03.2021 година се забранува движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот следниот ден.
Во однос на издавање на дозволи за движење за време на полициски час, Министерството за информатичко општество и администрација извести дека продолжуваат да важат дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби.
Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена цел, истата може да ја отпечатат од својата е-маил адреса. Дозволите беа пратени од следниот маил: notification@uslugi.gov. mk.
Во однос на издавање на нови дозволи за движење, потребно е правните лица/институциите да поднесат барање за дозвола преку порталот uslugi.gov.mk.
Барањата за издавање на дозволи за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекџилници, погребални претпријатија, аптеки и приватни здравствени установи, на порталот uslugi.gov.mk ги поднесува раководителот на институцијата/директорот/ овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. https://uslugi.gov.mk/ service/dozvola-za-dvizhenje- za-vreme-na-vazhenje-na- odlukata-za-zabrana-za- dvizhenje-5164
ReplyForward |