...

Управата за јавни приходи на својпот веб портал ги известува сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25.03.2021 година, дека најдоцна до 31.03.2021 година ќе може да поднесуваат нов – коригиран образец:

Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година -„образец ДБ-БВ-ФП-2“

Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година – „образец ДБ-БВ-ФП-1”

Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДБ-БВ-СПЗСО“

Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на финансиски средства „образец ДБ-БВ-ФП“.

Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВФП-1“,

Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВФП-2”

Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“

Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ“.

Согласно Одлука на Владата на Република С.Македонија, од денес 10.03.2021 година до 22.03.2021 година се забранува движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот следниот ден.
Во однос на издавање на дозволи за движење за време на полициски час, Министерството за информатичко општество и администрација извести дека  продолжуваат да важат дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби. 
Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена цел, истата може да ја отпечатат од својата е-маил адреса. Дозволите беа пратени од  следниот маил: notification@uslugi.gov.mk.
Во однос на издавање на нови дозволи за движење, потребно е правните лица/институциите да поднесат барање за дозвола преку порталот uslugi.gov.mk.
Барањата за издавање на дозволи за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекџилници, погребални претпријатија, аптеки и приватни здравствени установи, на порталот uslugi.gov.mk ги поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. https://uslugi.gov.mk/service/dozvola-za-dvizhenje-za-vreme-na-vazhenje-na-odlukata-za-zabrana-za-dvizhenje-5164