...

Нова Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ

Новата Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност е објавена во ,,Службен весник на РСМ’’ бр.316/2020 и истата ќе се применува од 1 јануари 2021 година.

Одлуката е усогласена со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност (,,Службен весник на РСМ’’ број 267/20) со кои се воведе повластена ДДВ стапка од 5% за одделни видови на занаетчиски услуги и нова ДДВ стапка од 10% на услугите на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.

Согласно одлуката, повластената ДДВ стапка од 5% се применува на занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар согласно со Законот за занаетчиство, и тоа:

a) поправка на:

– велосипеди,

– чевли и производи од кожа,

– облека и постелнина за домаќинството (вклучувајќи крпење и прекројување) и

б) фризерски услуги.

Додека повластената стапка на ДДВ од 10%  се применува на услуги на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. За ресторански и за кетеринг услуги се смета давањето на приготвена или неприготвена храна за човечка исхрана и послужување на безалкохолни пијалаци, со исклучок на послужување на алкохолни пијалаци, придружени со дополнителни услуги со цел да се овозможи нивно непосредно конзумирање. Испораката на храна и послужување на безалкохолни пијалаци, со исклучок на послужување на алкохолни пијалаци претставува само една компонента од севкупната понуда, при што преовладува прометот на услуги. Ресторанска услуга е вршење на промет на такви услуги во просториите на давателот на услугата и простор кој е непосредно или посредно поврзан со просториите на давателот на услугата, а услуга за кетеринг е вршењето на промет на такви услуги надвор од просториите на давателот на услугата. Испорака на приготвена или неприготвена храна и безалкохолни пијалаци, со или без превоз, но без други придружни услуги, не се смета за ресторанска или кетеринг услуга во смисла на овој став.

Последно објавени