Согласно член 12-а од Законот за данокот на добивка (Службен весник на РМ“, број 112/14…275/19 и Службен весник на РСМ“, број 290/2020 и 151/2021), обврзниците на данокот на добивка кои во текот на 2019 година оствариле приход поголем од 300 милиони евра, потребно е да достават Извештај за трансферни цени до Управата за јавни приходи најдоцна до 30ти септември 2020 година. Извештајот за трансферните цени содржи податоци исклучиво за трансакциите со поврзаните лица нерезеиденти.
По исклучок, обврзникот поднесува извештај во скратена форма доколку вкупната вредност на трансакциите со поврзаните лица во текот на годината не надминува 10.000.000 денари.
Регулативата предвидува извештајот да се доставува во електронска или хариена форма. Но, е‐tax системот на УЈП сеуште не е усогласен за електронски прием на ваков тип на извештај, поради што извештаите ќе треба да се доставуваат во хартиена форма.
Формата и содржината на Извештајот се уредени со Правилникот за формата и содржината на извештајот за трансферни цени, видовите методи за утврдување на цената на трансакцијата со принципот на „дофат на рака“ и начинот на нивна примена (Службен весник на РСМ бр.59/19).
Обврзникот го избира најсоодветниот метод за утврдување на цената на трансакцијата меѓу поврзаните лица во согласност со принципот на „дофат на рака“.Изборот на методот се базира на анализа на фактите пришто е потребно да се согледа:
1)природата на трансакцијата;
2)достапност и веродостојност на податоците;
3)степенот на споредливост меѓу трансакциите кои се извршени меѓу поврзани лица со трансакциите извршени со или меѓу неповрзани лица и
4)соодветноста на користење на финансиските податоци на неповрзаните лица за анализа на усогласеноста на трансферните цени по поединечни видови на трансакции кои обврзникот ги извршува со поврзани лица.
Доколку се појави разлика помеѓу трансферните и пазарните цени, истата може да предизвика корекција на поднесениот Даночен биланс за 2020 година.
Согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци(„Службен весник на РСМ“ бр.42/20 од 16.02.2020), потребно е да се спроведе усогласување на работењето на контролорите и обработувачите на лични податоци најдоцна до 24.08.2021 година.
Правните лица кои вршат обработка на лични податоци треба да ги исполнат следните обврски утврдени во Законот за заштита на личните податоци:
– Да определат офицер за заштита на лични податоци и да ги утврдат на неговите работи и задачи;
– Да достават известување до Агенцијата за заштита на лични податоци за определување на офицер за заштита на лични податоци;
– Да донесат Образец за Известување до Агенцијата за заштита на лични податоци при нарушување на безбедноста односно повреда на личните податоци
– Да донесат Образец за Известување до субјектот на лични податоци за нарушување на безбедноста/ повреда на личните податоци;
– Да усвојат Овластување/а за обработка на лични податоци
– Да усвојат Изјава/ви за обезбедување на безбедност на обработка на личните податоци преку системот на видео надзор и
– Да усвојат Изјава за приватност при вршење на видео надзор.
За непостапување по одредбите на Законот за заштита на лични податоци, предвидени се прекршоци кои се движат од 100 до 10.000 евра во денарска противвредност.
Правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15 е воспоставено со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Од 1ви јули до 31ви декември трае законската обврска на работодавците за исплата на регрес за годишен одмор.
Кој има право на регрес за годишен одмор, односно К-15?
Право на регрес за годишен одмор се однесува на работниците кои се во непрекинат работен однос кај работодавачот во период од најмалку 6 (шест) месеци во тек на календарската година.
Како се пресметува висината на регресот за годишен одмор?
Согласно одредбите на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, Регрес за годишен одмор се исплаќа во висина од најмалку 40% од основицата.
Основица за пресметка на регресот за годишен одмор е просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, исплатена во последните три месеци.
Дали може да се утврди регрес за годишен одмор во помал или поголем износ од утврдениот во ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството?
Кај работодавачите кај кои настанале тешкотии во работењето, ценејќи ја економско-финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка, односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор
Може да се утврди регрес во поголем износ со негово нормирање во рамки на колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач.
Каде можат да се обратат работниците на кои работодавецот нема да им исплати регрес за годишен одмор во предвидениот рок, односно најкасно до 31 декември во тек на календарската година?
Работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор дека можат да побараат интервенција од Државниот инспекторат за труд, или пак да поведат судска постапка за заштита на своите права.
Казни за непочитување на правото на регрес за годишен одмор
Законодавецот предвидува казна во висина до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра се за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.
Законодавецот предвидува и казна затвор од една година за работодавците кои ќе исплатат регрес, а потоа ќе бараат од работниците делумно или целосно да им го вратат.
Државниот инспекторат за труд врши надзор над спроведување на процесот на исплата на регрес, по пристигната пријава или самоиницијативно по случаен избор.
Јавниот повик за пријавување на интерес од угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000,00 денари е објавен на веб страната на Министерството за економија.
Крајниот рокот за поднесување на барањето е 31 Мај 2021 година.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, лично или преку пошта на адреса: ул.”Јуриј Гагарин” 15, Скопје
Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) лоцирани во Туристичките центри во Република Северна Македонија и Туристичките агенции со А Лиценца.
Право на учество немаат некатегоризирани угостителски објекти, угостителските објекти кои не се во туристичките центри или се оддалечени повеке од 1 (еден) километар од туристичките центри.
За пријавување на интерес угостителските објекти за сместување (хотели) до Министерството за економија треба да достават пополнет образец за барање за пријавување на интерес(готов формулар).
Образецот на барањето за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk.
На објавата од Министерството за економија се наведени следните контакти за дополнителни информации:
тел:(02) 3093 540; (02) 3093 536 и (02) 3093 543;
емаил: bekim.hadziu©economy.gov.mk.
Предмет на финансиска поддршка на фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со Одлука на Владата.
Право на учество имаат сите регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои се регистрирани и приоритетна дејност им е:
74.20 Фотографски дејности;
93.13 Објекти за фитнес.
Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020.
Секој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 31.12.2020 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.
Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 31.12.2020 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.
Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 31.12.2020 нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.
Во прилог на пријавата треба да се достави:
Копија од тековна состојба од уписот во регистарот на други правни лица за регистрација на правното лице не постара од шест месеци (може да се аплицира електронски или директно во Централен регистар);
Копија од завршната сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2020 година и копија од завршна сметка (биланс на состојба и биланс на успех) за 2019 година;
Потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2020 година согласно закон (може да се преземе електронски или директно во Управата за јавни приходи);
Листинг на вработени – преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за деловен субјект (барањето може да се преземе во Агенцијата за вработување или електронски преку порталот на АВРСМ).
Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје, или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 1 јуни 2021 година.
Управата за јавни приходи на својпот веб портал ги известува сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25.03.2021 година, дека најдоцна до 31.03.2021 година ќе може да поднесуваат нов – коригиран образец:
Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година -„образец ДБ-БВ-ФП-2“
Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година – „образец ДБ-БВ-ФП-1”
Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДБ-БВ-СПЗСО“
Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на финансиски средства „образец ДБ-БВ-ФП“.
Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВФП-1“,
Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВФП-2”
Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“
Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ“.
ReplyForward |
Регистарот на вистински сопственици е пуштен во употреба. Од 27.01.2021 година почнува да тече рокот од 90 дена за пријавување на податоците за вистинските сопственици во Регистарот на вистински сопственици. Уписот во законскиот рок е без надомест.
Предмет на упис во регистарот се вистинските (крајните сопственици) на субјектите на упис.
„Вистински сопственик” е секое физичко лице (лица) кое е краен сопственик на субјектот или го контролира субјектот и/или физичко лице (лица) во чие име и за чија сметка се извршува трансакција. Поимот вклучува и физичко лице (лица) кое врши крајна и ефективна контрола над правно лице или странски правен аранжман.
За точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во Регистарот се одговорни овластените лица на правните субјекти, а уписот се спроведува единствено електронски, преку интернет, при што подносителите се идентификуваат и пријавите се потпишуваат со електронски потпис. Овластените лица уписот може да го спроведуваат самостојно или пак да овластат друго лице да поднесе пријава во нивно име.
Во Регистарот се внесуваат податоци за сите постоечки субјекти иницијално, како и за сите настанати промени во сопственичката структура на субјектите. Сите уписи кои ќе се спроведуваат во законските рокови се спроведуваат без надомест (8 дена од денот на основањето на субјектот и 8 дена од денот на промената на вистинскиот сопственик).
Регистрирањето на вистинските сопственици е утврдено во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, кој е усогласен со ЕУ-директивите.
Новата Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност е објавена во ,,Службен весник на РСМ’’ бр.316/2020 и истата ќе се применува од 1 јануари 2021 година.
Одлуката е усогласена со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност (,,Службен весник на РСМ’’ број 267/20) со кои се воведе повластена ДДВ стапка од 5% за одделни видови на занаетчиски услуги и нова ДДВ стапка од 10% на услугите на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.
Согласно одлуката, повластената ДДВ стапка од 5% се применува на занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар согласно со Законот за занаетчиство, и тоа:
a) поправка на:
– велосипеди,
– чевли и производи од кожа,
– облека и постелнина за домаќинството (вклучувајќи крпење и прекројување) и
б) фризерски услуги.
Додека повластената стапка на ДДВ од 10% се применува на услуги на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. За ресторански и за кетеринг услуги се смета давањето на приготвена или неприготвена храна за човечка исхрана и послужување на безалкохолни пијалаци, со исклучок на послужување на алкохолни пијалаци, придружени со дополнителни услуги со цел да се овозможи нивно непосредно конзумирање. Испораката на храна и послужување на безалкохолни пијалаци, со исклучок на послужување на алкохолни пијалаци претставува само една компонента од севкупната понуда, при што преовладува прометот на услуги. Ресторанска услуга е вршење на промет на такви услуги во просториите на давателот на услугата и простор кој е непосредно или посредно поврзан со просториите на давателот на услугата, а услуга за кетеринг е вршењето на промет на такви услуги надвор од просториите на давателот на услугата. Испорака на приготвена или неприготвена храна и безалкохолни пијалаци, со или без превоз, но без други придружни услуги, не се смета за ресторанска или кетеринг услуга во смисла на овој став.
Управата за јавни приходи известува дека согласно измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РСМ“ бр. 267/20), објавени се Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (,,Сл.весник на РСМ’’ бр.315/20) и Правилникот за формата и содржината на извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот, како и за формата и содржината на извештајот за примени промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник примател на прометот (,,Сл.весник на РСМ’’ бр.315/20).
Нов образец ДДВ-04
Согласно подзаконките акти се воведува нов Образец ДДВ – 04 кој веќе е достапен на е-Даноци почнувајќи од 04.01.2021 година.
Пријавата за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-04) за даночните периоди од 01.10-31.12.2020 година и 01.12-31.12.2020 година, даночните обврзници треба да ја поднесат најдоцна до 25.01.2021 година, на новиот образец ДДВ-04.
Исправка на Пријава за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-04) се поднесува на стар образец ДДВ-04 за даночни периоди:
–заклучно со 30.09.2020 година за тримесечните ДДВ обврзници,
–заклучно со 30.11.2020 година за месечните ДДВ обврзници.
Во новиот образец ДДВ-04 (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/190) имплементирано е ново поле „32 – Отстапување на побарување“ преку кое даночните обврзници кои имаат намера да го отстапат побарувањето за ДДВ, за намирување на даночен долг на друг даночен обврзник преку преземање на долгот во нотарски заверена изјава (даночен гарант), потребно е да го означат со “X“ полето 32, а истовремено да го означат со “X“ полето 31 во образецот ДДВ-04.
Постапката за намирување на долг со даночен гарант останува иста, даночните обврзници во рок од 5 дена треба да поднесат Барање до належната РД со прилог потребни документи.
Барањето за отстапување на разликата на данок може да се искаже во даночната пријава само доколку даночниот обврзник нема долгови по основ на други јавни давачки.
Извештај за примените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник примателот на прометот (образец ДДВ-ИПДО/П)
Даночниот обврзник кој прима промети на добра и услуги, за кој е даночен должник согласно член 32-а и член 41-б од Законот за данокот на додадена вредност, има обврска да изготви Извештај за примените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обрзник примателот на прометот (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/232).
Извештајот се доставува со пријавата ДДВ-04, за прометите извршени во соодветниот даночен период за кој се однесува ДДВ-пријавата по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk.
Усогласување на фискалните уреди со новата повластена даночна стапка
Даночните обврзници кои користат фискален систем на опрема и согласно измените во Законот за додадена вредност пресметуваат ДДВ според повластената даночна стапка од 10% треба да ги усогласат фискалните уреди со новата даночна стапка и истата да ја применуваат од 01.01.2021 година.