Попис на средствата и обврските

ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ На работилницата организирана од Книгоприма Консалтинг,  одржана на 16.12.2019 година во Хотел ‘’Порта’’, се дискутираше за остварување на обврската за вршење на Попис на средствата и обврските. Пописот претставува и законска обврска која законодавецот ја утврдил за сите трговци, односно пропишал обврска најмалку еднаш годишно во деловната година да се […]

Данок на личен доход

На 16.12.2019 година во Хотел ”Порта” – Скопје, Книгоприма Консалтинг одржа работилница на тема: Имплементација на новините содржани во даночните прописи и Попис на средства и обврски за 2019 година. Во рамки на даночните прописи се дискутираше за одредбите на Законот за данок на личен доход стапи на сила на 1ви јануари 2019 година. Претходно […]

Правилник за начинот на примена на даночното изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување

Врз основа на член 82 став (3) од Законот за данокот на личен доход, Министерот за финансии донесе правилник  со кој се пропишува начинот на примена на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице, како и формата и содржината на обрасците […]

Правилник за формата, содржината и начинот на составување на Годишниот даночен биланс за обврзниците кои вршат самостојна дејност

Согласно член 37 став (2) од Законот за данокот на личен доход, Министерот за финансии донесе правилник со кој  се пропишува формата, содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс за обврзниците кои остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност и кои се должни да водат деловни книги. Годишниот даночен биланс се изготвува на […]

Управата за јавни приходи објави податоци за пресметка на плата за 2020 година и ја објави новата верзија на клиентскиот софтвер ‘’МПИН’’  

Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2020 година, се променети и тоа за следните придонеси: -Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување (18.8%) -Придонес за задолжително здравствено осигурување (7,5%) -Придонес за […]

Измени на Законот за данокот на добивка – нов рок за поднесување на Извештај за трансферни цени  

Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 275/19, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка . Со измените се уредуваат оддлените видови на непрофитни организации кои нема да бидат обврзници за данокот на добивка, односно се определува дека здруженија на граѓани и фондации како и нивните сојузи и […]

Известување за регистрација и дерегистрација за целите на ДДВ

Управата за јавни приходи објави известување за сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои во претходната календарска година од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност образец ДДВ-01 најдоцна до 15 јануари 2020 година. […]