Пролонгирање на законските рокови за одржување на годишно собрание на акционери, односно собир на содружници кај друштвата со ограничена одговорност

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба со која се уредуваат одредбите кои се однесуваат на свикување и одржување годишно собрание на акционери и собир на содружници, од страна на органот на управување на акционерските друштва, односно органот на управување […]

Право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со која се уредува право на намалување односно ослободување на износот на аконтациите на данокот на личен доход како мерка за поддршка на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат […]

Намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба донесена од Владата на Република Северна Македонија, се утврдува намалување на  каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки. Согласно одредбите на уредбата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните […]

Времено укинување на царинската стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се укинува увозната давачка односно царинската стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал. Одлуката се однесува на следните видови потрошен медицински материјал: -Неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80% vol или повисока; -Етилалкохол и други алкохоли, денатурирани, со која и да било содржина на алкохол; […]

Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 до 31 март 2020 година

Управата за јавни приходи објави известување за даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.02.2020-29.02.2020 се продолжува до 31 март 2020 година. Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни […]

Нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со која се уредува запирање на поднесување на предлог за поведување на претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајна постапка на стечајниот должник за време на траењето на вонредната состојба. Воедно со Уредбата се утврдува дека сите започнати постапки, како претходна  постапка за отворање […]

Управата за јавни приходи нема да доставува решенија за присилна наплата

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП. Оваа мерка ќе важи се додека траат препораките и мерките на Владата […]

Економски мерки за поддршка на бизнис секторот

Владата на Република Северна Македонија објави сет мерки за поддршка на бизнис секторот во насока на амортизирање на штетите предизвикани со прогласување на пандемијата на коронавирусот – Covid 19. Првата мерка се однесува на директна финансиска поддршка на ликвидноста кај микро, мали и средни компании од страна на Развојната банка на Северна Македонија, односно обезбедување […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани клиенти, Ве информираме дека, согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија  кои се поврзани со актуелната состојба и појавата на Ковид-19 (корона вирус) нашата канцеларија превзеде првенција за заштита на вработените и клиентите. Од понеделник 16 Март  до  укинување на вонредната состојба во РСМ нашата канцаларија ќе работи со скратено работно […]

Известување

Почитувани клиенти, Ве информираме дека, согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија кои се поврзани со актуелната состојба и појавата на Ковид-19 (корона вирус) КнигоПрима Консалтинг презема превенција за заштита на вработените и клиентите. Од понеделник 16 Март до вторник 24 март 2020 година, КнигоПрима Консалтинг ќе работи со скратено работно време […]