...

Кои се условите за користење на мерката финансиска поддршка на работодавачи која е во собраниска процедура?

Согласно одредбите на Предлог – Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата предизвикана од КОВИД-19 за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец.

Мерката можат да ја користат фирмите што имаат пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година најмалку 30%, споредено со истиот период минатата година.

Исплатата на финансиска поддршка ќе се врши според следниве критериуми за намален приход:

– фирмите кои имаат намален приход од 30,00% до 40% ќе добијат до 14.500 денари по вработен;

– за намален приход од 40,01% до 50% ќе добијат до 15.955 денари по вработен;

– за намален приход од 50,01% до 60% ќе добијат до 17.410 денари по вработен;

– за намален приход од 60,01% до 70% ќе добијат до 18.865 денари по вработен;

– за намален приход од 70,01% до 80% ќе добијат до 20.320 денари по вработен и

– за намален приход над 80% -до 21.776 денари по вработен.

Мерката не се однесува на фирмите кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години.

Фирмите коишто аплицираат за мерката не можат да исплаќаат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година.

Мерката не се однесува на :

-лицата кои во јуни, јули, август и септември оствариле нето-плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно на полно или неполно работно време,

– за кои се користи мерката „Македонија вработува“ и

– кои се ангажирани за дополнително работење.

Корисниците на мерката не треба да го намалуваат бројот на вработени два месеца по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

Во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата што му е доделена, превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Последно објавени