...

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 267/20), се утврдува дека за фактура во електронска форма, покрај фактурите издадени согласно со членот 53-б од овој закон, се сметаат и фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат) која ги содржи сите елементи согласно со членот 53 став (10) од истиот закон и е доставена по електронски пат до примателот на прометот.

Вршителот на промет, кој ја издава фактурата на ваков начин е должен да го извести примателот на прометот, преку електронска пошта, електронска порака и/или на друг начин дека фактурите и другите документи ќе ги издава во електронска форма.

Вршителот на прометот кој нема да го извести примателот на прометот ќе продолжи да издава фактури во хартиена форма.

Примателот на прометот во рок од 10 дена од приемот на известувањето има право да го извести издавачот на фактурата дека ја одбива оваа форма на достава. Доколку по истекот на 10 дена од применото известување примателот на прометот не ја одбие формата на достава, ќе се смета дека е согласен доставата на фактури во електронска форма.

Фактурата во електронска форма да ги исполнува барањата утврдени во член 53-б став (3) од Законот за данокот на додадена вредност.

Овие одредби на Законот за данокот на додадена вредност ќе важат до 31.12.2021 година.

 

Измина една значајна етапа од досегашната работа на Книгоприма која беше дел од искушенија и успеси што беа исправени како предизвици што ги носеше времето и развојот на компанијата.

Обележуваме три децении континуиран напредок, огромна експанзија и развој како симбол за успех и квалитет.

Со желби за поголеми деловни успеси во иднина.

Тимот на КНИГОПРИМА КОНСАЛТИНГ

 

Собранието на Република С. Македонија го усвои Законот за финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември 2020 година.

Со овие мерки се овозможува исплата на плата најмногу до 21.776 денари, односно 17.410 денари кај самостојните вршители на дејност. Постапката започнува со електронско поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за работниците преку е-Даноци, по кое Управата за јавни приходи ќе одговори за комплетноста на барањето веднаш односно најдоцна до 3 дена. Работодавачот на кој му е прифатено Барањето, во МПИН пресметката, во полето 3.4б за работниците за кои побарува финансиска поддршка треба да внесе шифра 5001, а УЈП по обработката на МПИН образецот, ќе го информира работодавачот за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе му биде исплатена за соодветниот месец. Оние работодавачи, кои освен финансиската поддршка за исплата на плата за работниците, имаат право да користат и мерка субвенционирање на социјалните придонеси и/или данок на личен доход, во полето 3.23 од МПИН образецот ја внесуваат соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинираат со шифрата 5001.

Финансиска поддршка ќе се исплаќа до 15ти во тековниот месец за претходниот месец.
Условите кои треба да бидат исполнети за да се овозможи финансиската поддршка за исплата на плати за работниците се следните:

  1. Остварениот приход на работодавачот во референтниот период од април до септември 2020 година да е намален за повеќе од 30%, споредено со истиот период минатата година за исплатата на плата за октомври, односно референтниот период од април – октомври 2020 со истиот период во 2019 за поддршката за ноември, односно референтниот период април- ноември 2020 со истиот период во 2019 за финансиската поддршка за декември.
  2. Бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиска поддршка да е ист или поголем во однос на бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година со исклучок на оправданите основи за престанок на работен однос.
  3. Работодавачот не исплатил и нема да се изврши исплата на дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот – барател на финансиска поддршка, до денот на исплатата на платата за месец декември 2020 година
  4. Работникот за кого бара финансиска поддршка, нема остварено нето плата поголема од 39.000 денари за месеците јуни, јули, август или септември 2020 за секој месец одделно и сразмерно на часовите на пријавено работно време
  5. Работодавачот нема да исплатува нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиската поддршка на повеќе од 10% од вкупниот број на вработени
  6. За работникот за кого се бара финансиска поддршка, работодавачот не користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (за мерките од проектот “Македонија вработува”)
  7. Работникот за кој бара финансиска поддршка не е работник пријавен на дополнително работно време согласно член 121 од Законот за работните односи
  8. Во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година, има остварено кумулативно акумулирани добивки пред оданочување помали од 600.000.000 денари, односно поголеми од 600.000.000 денари ако има повеќе од 2.000 вработени лица во месецот за кој користи финансиска поддршка
  9. За времетраење на финансиската поддршка и два месеци после месецот за кој е користена финансиската поддршка , нема да го намали бројот на вработените освен заради : пензионирање и смрт на работник, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски, спогодбено преземање на работник, престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда и престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа.

Оправданите намалувања на број на вработени кај работодавачот – корисник на финансиска поддршка не смее да се намали за повеќе од: 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени, односно 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени , односно 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка.

Висината на износот на финансиската поддршка по вработен ќе зависи од степенот на намалениот приход на работодавачот:

Средствата од финансиската поддршка се враќаат до 50% од примената финансиска поддршка, а ги враќа оној работодавач кој има искажано позитивен финасиски резултат зголемен за непризнаените расходи и кој нема обврски по основ на неплатени даноци и придонеси. Враќањето ќе се врши на 3 месечни рати без камата во месеците октомври, ноември и декември 2021 година.

Работодавачи кои искажале негативен финансиски резултат односно искажале загуба пред оданочување и немаат обврски по основ на неплатени даноци и придонеси немаат обврска да ги враќаат примените финансиски средства.
Одредбите од законот предвидуваат дека работодавачот кој дал неточна или невистинита Изјава ќе одговара согласно одредбите од Кривичниот законик. А глоба ќе се изрече за сторен прекршок на правните лица и на одговорните лица во правните лица ако:

Глобите се движат од 500 до 1000 евра за малите правни лица односно 1000 до 10000 евра во денарска провивредност на големите правни лица, А глоби на одговорното лице во правното лице се движат од 100 до 500 евра во денарска противвредност
Прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.

САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ поднесуваат Барање за финансиска поддршка преку системот e-ПДД, а висината на финансиската поддршка изнесува 17.410 ден. на месечно ниво.

Со поднесување на барањето вршителот на дејноста дава и изјава за исполнетост на условите за добивање на финансиска поддршка односно дека неговиот остварен приход е намален за повеќе од 30% за референтниот период од април до септември 2020 година, споредено со истиот период минатата година за исплатата на плата за октомври, односно референтниот период од април- октомври 2020 со истиот период во 2019 за поддршката за ноември, односно референтниот период април – ноември 2020 со истиот период во 2019 за финансиската поддршка за декември.

За времетраење на финансиската поддршка и четири месеци по месецот за кој се користи финансиската помош, физичкото лице кое врши самостојна дејност – корисник на финансиска поддршка не може да престане со вршење на дејноста, освен во случај на пензионирање и смрт на физичкото лице.

Самостојните вршители на дејност кои се оданочуваат според вистински остварен доход, примената финансиска поддршка, имаат обврска да ја вратат во но најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат за 2020 година, пред оданочување, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели. Даночниот обврзник поднесува Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка до Управата за јавни приходи најдоцна до рокот за поднесување на Годишниот даночниот биланс за 2020 година.

При извршена контрола од УЈП или ДИТ (државен инспекторат за труд) доколку се утврди дека самостојниот вршител на дејност не ги исполнил условите предвидени за добивање на финансиска подршка, должно е да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со каматата утврдена согласно Законот за даночна постапка.

Согласно одредбите на Предлог – Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата предизвикана од КОВИД-19 за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец.

Мерката можат да ја користат фирмите што имаат пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година најмалку 30%, споредено со истиот период минатата година.

Исплатата на финансиска поддршка ќе се врши според следниве критериуми за намален приход:

– фирмите кои имаат намален приход од 30,00% до 40% ќе добијат до 14.500 денари по вработен;

– за намален приход од 40,01% до 50% ќе добијат до 15.955 денари по вработен;

– за намален приход од 50,01% до 60% ќе добијат до 17.410 денари по вработен;

– за намален приход од 60,01% до 70% ќе добијат до 18.865 денари по вработен;

– за намален приход од 70,01% до 80% ќе добијат до 20.320 денари по вработен и

– за намален приход над 80% -до 21.776 денари по вработен.

Мерката не се однесува на фирмите кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години.

Фирмите коишто аплицираат за мерката не можат да исплаќаат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година.

Мерката не се однесува на :

-лицата кои во јуни, јули, август и септември оствариле нето-плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно на полно или неполно работно време,

– за кои се користи мерката „Македонија вработува“ и

– кои се ангажирани за дополнително работење.

Корисниците на мерката не треба да го намалуваат бројот на вработени два месеца по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

Во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата што му е доделена, превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.