Управата за јавни приходи на својот веб портал објави известување кое се однесува на обврзниците на годишен данок на личен доход (физички лица) за кои во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход ДЛД-ГДП за 2019 година е утврдена разлика за доплата на данок на личен доход, а во даночната евиденција сè уште не е евидентирана уплата на утврдената разлика за доплата, односно не е евидентирана уплата по налогот за плаќање издаден од Управата за јавни приходи.
Согласно известувањето, целта на оваа активност е усогласување на Управата за јавни приходи и даночните обврзници доколку разликата за доплата е платена со налог за плаќање кој не е издаден од Управата за јавни приходи по Годишната даночна пријава ДЛД-ГДП, или доколку даночниот обврзник има право на користење на даночно ослободување, а воедно и потсетување на даночните обврници кои треба да ја уплатат разликата за доплата.
Даночните обврзници кои ќе добијат порака на својот е-маил (пријавен при регистрација на системот e-ПДД), со наслов “Известување за долг по ДЛД-ГДП за 2019 година”, треба да го следат упатството дадено во самата порака.