...

Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба (,,Службен весник на РСМ’’ бр.123/2020), се утврдува дека за веродостојни сметководствени документи врз основа на кои се водат трговските книги се сметаат и скенирани документи доставени по електронски пат.

Согласно уредбата, рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа за 2019 година на големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.

Уредбата стапи на сила на 13.05.2020 година.

Последно објавени