Со Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба (,,Службен весник на РСМ’’ бр.113/2020), се утврдува можноста работодавачот кој одјавил работник од задолжително социјално осигурување во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година да склучи спогодба за враќање на работа.
Со спогодбата работодавачот треба да се обврзи да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работниот однос од денот на одјавата на работникот од задолжително социјално осигурување до денот на склучувањето на спогодбата.
Пријавувањето во системот на задолжително социјално осигурување на работникот во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се врши најдоцна до 7 мај 2020 година.
Доколку работникот не ја потпише спогодбата, работодавачот може на негово место да пријави ново лице од евиденцијата на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и со истото да склучи договор за вработување и да го пријави во системот за задолжително социјално осигурување во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија најдоцна до 7 мај 2020 година.