...

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи донесена од Владата на Република Северна Македонија, објавена со ,,Службен весник на РСМ бр.90/2020’’, се определува дека роковите во кои согласно Законот за работните односи,  во случај на мирување на  правата и обврските од договорот за вработување  и мирување на работен однос на работник упатен на работа во странство и на  брачниот другар, работникот има право да се врати на работа, престануваат да течат за време на траење на вонредната состојба  и се продолжуваат за 15 дена  од денот на истекот на траењето  на вонредната состојба.

Воедно, се утврдува дека работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од COVID-19 неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор  од календарската 2019 година треба да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот. Додека делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во  траење од две непрекинати работни недели треба да го искористат  до 30 јуни 2020 година, исто согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

Уредбата содржи одредби и за отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување , односно определува дека ваквиот вид на отсуство  продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа  до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Корона вирус COVID- 19.

 

Последно објавени