...

Висина на стапката на казнената камата за време на траење на вонредната состојба

Согласно одредбите на Уредбата со законска сила за примена на Законот за облигационите односи за време на вонредба состојба донесена од Владата на Република Македонија, објавена во ,,Службен весник на РСМ бр.89’’, висината на стапката на казнената камата за време на траење на вонредната состојба се определува на месечно ниво и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Северна Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, стапката на казнената камата се определува за секој месец, и тоа во висина на едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

При пресметката на казнената камата се користи последната референтна стапка утврдена и  објавена на веб страницата од Народната банка на Република Северна Македонија.

Определената висина на стапката на казнената камата, како и перидот и начинот на пресметка, нема да влијае на стапката, перидот и начинот на пресметка на договорната камата во договорите во кои барем едното лице не е трговец, склучени пред стапување на сила на оваа Уредба.

Последно објавени