Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба со која се уредуваат одредбите кои се однесуваат на свикување и одржување годишно собрание на акционери и собир на содружници, од страна на органот на управување на акционерските друштва, односно органот на управување на друштвата со ограничена одговорност.
Согласно одредбите на Уредбата, за акционерските друштва, кај кои започнал да тече рокот за свикување и одржување годишно собрание на акционери и за друштвата за ограничена одговорност кај кои започнал да тече рокот за свикување и одржување собир на содружници, нема да се одржи годишно собрание на акционери, односно нема да се одржи собир на содружници, за време на траењето на вонредната состојба.
Започнатите постапки за свикување и одржување годишно собрание на акционери, односно собир на содружници, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.