Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба донесена од Владата на Република Северна Македонија, се утврдува намалување на каматата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки.
Согласно одредбите на уредбата на износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки освен каматата, се пресметува и наплатува, односно плаќа камата во висина од 0,015% за секој ден задоцнување.
Воедно со уредбата се утврдува дека Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година.