Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се укинува увозната давачка односно царинската стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал.
Одлуката се однесува на следните видови потрошен медицински материјал:
-Неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80% vol или повисока;
-Етилалкохол и други алкохоли, денатурирани, со која и да било содржина на алкохол;
-Хидроксихлорокин (Hydroxycloroquine);
-Сапуни за тоалетна употреба (вклучувајќи ги производите со лековити материи);
-Други сапуни;
-Органско површински активни производи и препарати за миење на кожа, во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун;
-Детергенти;
-Препарати за перење и препарати за чистење;
-Пластична облека и прибор за облека (вклучувајќи наракавици, ракавици без прсти и ракавици со еден прст);
-Текстилни драперии за еднократна употреба, изработени од ткаенини од тар. број 5603, од вид кој се употребуваат при хируршки процедури;
-Маски пластични со текстилен филтер и
-Очила со стакла од пластични маси .
Одлуката е со ограничено времетраење до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија.