Управата за јавни приходи објави известување за даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.02.2020-29.02.2020 се продолжува до 31 март 2020 година.
Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период од 01.02.2020 до 29.02.2020 од 25.03.2020 се продолжува за 7 (седум) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 31.03.2020 година.
Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со која се уредува запирање на поднесување на предлог за поведување на претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајна постапка на стечајниот должник за време на траењето на вонредната состојба.
Воедно со Уредбата се утврдува дека сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.