Почитувани клиенти,
Ве информираме дека, согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија кои се поврзани со актуелната состојба и појавата на Ковид-19 (корона вирус) КнигоПрима Консалтинг презема превенција за заштита на вработените и клиентите.
Од понеделник 16 Март до вторник 24 март 2020 година, КнигоПрима Консалтинг ќе работи со скратено работно време од 9:00 до 15:00 часот, саботите и неделите ќе бидат неработни денови.
Ве советуваме да го намалите интензитетот на посетите во нашите канцеларии.
Воедно, Ве известуваме дека можете да не контактирате во и надвор од работното време преку службените мобилни телефони: 070/342957 и 071/342696, како и преку следните мелови: info@knigoprima.com.mk и papazsan@knigoprima.com.mk.
Со почит,
КНИГОПРИМА КОНСАЛТИНГ
Централниот регистар преку својот веб портал објави известување до трговските друштва и другите обврзници за поднесување на Годишна сметка, дека рокот за поднесување на Годишна сметка се продолжува до 24.03.2020 година.
Согласно известувањето, продолжувањето на рокот за поднесување на Годишна сметка е поради новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД.
Управата за јавни приходи преку својот веб портал објави известување до даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”), Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година.
Продолжувањето на рокот до 24.03.2020 година е во насока на постапување по препораките за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).