...

Појаснување за најчесто поставувани прашања околу уредното составување и доставување на даночните биланси за 2019 година

Министерството за финансии на својот веб портал објави појаснување за најчесто поставувани прашања околу уредното составување и доставување на даночните биланси за 2019 година.

Заради претстојниот период на поднесување на Даночни биланси, кои Даночни биланси ќе се поднесуваат и за кој периoд ќе се однесуваат?

Со оглед на поместувањето на рокот за доставување на Извештајот за трансферни цени за 2019 година до УЈП: наместо со поднесувањето на Даночниот биланс, истиот да се доставува до 30 септември 2020 година, како треба да се постапи со евентуално утврдената разлика меѓу трансферните и пазарните цени во Даночниот биланс за 2019 година?

Кој износ на непризнат расход треба да се усогласи во Даночниот Биланс ДБ согласно со членот 9-а став (1) од Законот за данокот на добивка?

Во случај на извршено усогласување во Даночниот Биланс-ДБ на трошоците за амортизација на материјални и нематеријални средства која е повисока од амортизацијата пресметана на набавната вредност на средствата со примена на стапки кои се повисоки од пропишаните согласно со Номенклатурата на средствата за амортизација, на кој начин може истиот износ да се намали од даночната основа во идни даночни периоди согласно со член 17-а став 1) од Законот за данокот на добивка?

Доколку треба да извршам усогласување во Даночниот Биланс-ДБ на АОП 26 за трошоци за нето износот на примањата по основ на деловна успешност над износот на кој се пресметани придонеси согласно со закон, дали усогласувањето треба да го направам со вклучен данок на личен доход или без пресметаниот данок на личен доход?

Дали надоместоците на трошоците за хотелско сместување кои се повисоки од 6.000 денари дневно по лице кои не е вработено кај исплатувачот, а е ангажирано во функција на дејноста на исплатувачот се непризнати расходи?

Дали непрофитните организации кои не остварувале приходи од стопанска дејност имаат обврска да достават ДБ-НП/ВП до УЈП?

Дали непрофитните организации кои остваруваат приходи од стопанска дејност помал од 1 милион на годишно ниво имаат обврска да достават ДБ-НП/ВП до УЈП?

Кој износ се смета за признат расход во врска со надоместоци на трошоци за користење на сопствено возило на вработениот за потребите на работодавачот, во висина од 30% од исплатениот износ, но најмногу до 60.000 денари на годишно ниво согласно со член 9 став 1 точка 2 алинеја 8 од Законот за данокот на добивка?

Одговорите на наведените прашања ги има на следниот линк https://finance.gov.mk/files/u3/%D0%98%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8.pdf

Последно објавени