...

Измена на правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување

Согласно член 47 од Законот за данокот на добивка, Министерот за финансии донесе Правилник за изменување и дополнување на правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување.

Со измените се врши усогласување на одредбите на правилникот во делот на даночно непризнаени расходи со новите одредби на Законот за данокот на добивка.

Се воведуваат измени во однос на намалувањето на даночната основа, односно се утврдува дека даночната основа се намалува за:

– износот на трошоците за амортизација над износот пресметан со примена на амортизациони стапки утврдени со номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки за кои во претходниот период е извршено зголемување на даночната основа и

-износот на неисплатените надоместоци над износите утврдени во член 9 став 1) точки 2), 3-б), 4), 5), 5-а) и 6), од Законот, за кои во претходниот период е извршено зголемување на даночната основа, доколку истите се искажани како приход.

Исто така, се утврдува дека даночната основа се намалува за износот на извршените вложувања од добивката (реинвестирана добивка) за развојни цели, односно вложувања во материјални средства (недвижности, постројки и опрема), вклучително и вложувањата на материјални средства набавени преку финансиски лизинг, како и во нематеријални средства (компјутерски софтвер и патенти) наменети за проширување на дејноста на даночниот обврзник, освен вложувања во патнички автомобили, мебел, теписи, аудиовизуелни средства, бела техника, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и други вложувања коишто служат за административни цели.

Новиот образецот на Даночниот биланс за оданочување на добивка може да го симнете од прилогот кон оваа објава.

Даночен биланс за оданочување на добивка

Последно објавени