Согласно член 10 став 4 од Законот за данокот на личен доход, износот на даночното намалување, пред почетокот насекоја година, најдоцна до 31 декември во тековната година го објавува министерот за финансии.
Министерството за финансии во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.296/2019 го објави износот на даночното намалување за 2020 година, односно утврди дека даночното намалување на годишно ниво изнесува 98.736,00 денари.
Согласно член 17 став 2 од Законот за данокот на личен доход, при аконтативното пресметување на данокот на доход од работа по основ на плата, надоместок на плата и пензија, даночното намалување се признава во износ од една дванаесеттина од објавеното годишно даночно намалување.
Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 8.228,00 денари.