...

УЈП објави нова верзија на клиентскиот софтвер за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок

Управата за јавни приходи ја објави новата верзија на клиентскиот софтвер за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок која е усогласена со одредбите на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата и Правилникот за начинот на пресметка на износот за субвенционирање и постапката за субвенционирање на придонесите.

Софтверот овозможува означување на вработеното лице за кое се бара субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, со внесување на шифра 404 во полето 3.23  во МПИН пресметката.

Софтверот може да се преземе и инсталира од следниот линк на УЈП:

http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81

Последно објавени