...

Предложен нов начин на оданочување на моторни возила

ПРЕДЛОЖЕН НОВ НАЧИН НА ОДАНОЧУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

 

Предлог – законот за данок на моторни возила е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР. Засегнатите страни имаат можност да доставуваат предлози, мислења и забелешки по текстот на предлог – законот најдоцна до 30.09.2019 година.

Согласно одредбите на предлог-законот, предмет на оданочување со данок на моторни возила ќе бидат нови и употребувани моторни возила кои за прв пат се ставаат во слободен промет или за прв пат се регистрираат во Република Северна Македонија и за кои не е пресметан и платен данокот на моторни возила.

Висината на данокот на моторните возила ќе се определува врз основа на вредноста на моторното возило и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар.

Пресметувањето и плаќањето на данокот на моторни возила ќе се врши со поднесување на пријава за плаќање данокот на моторни возила до надлежниот царински орган.

Законот утврдува ослободувања од данок или враќање на платен данок на моторни возила за дипломатски и конзуларни претставништва и за меѓународни организации, при реализација на проекти финансирани со парични средства на странски донатори, како и други таксативно наведено случаи на ослободувања од плаќање данок на моторни возила.

Што се однесува до прекшочните одредби, предвидени се глоби чиј што износ варира во зависност од видот на прекршок, вредноста на  моторното возило, како и од тоа дали прекршокот се изрекува на физичко лице или трговец. Максималниот износ на глоба согласно одредбите на предлог- законот е 20.000 евра во денарска противвредност.

Законот за данок за моторни возила треба да започне да се применува од 01 ноември 2019 година.

 

Последно објавени