...

Автентично толкување на член 21 од Законот за данокот на добивка

Одредбата на членот 21 oд Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“ број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18) гласи:

„(1) Задржувањето на данок се применува на следниве приходи, без оглед дали се исплатени во Република Македонија или во странство:

1)  приход од дивиденди;

2)  приход од камата од резидент;

3) приход од камата од нерезидент кој има постојана деловна единица во Република Македонија, ако каматата е на трошок на постојаната деловна единица;

4)  приход од авторски хонорар исплатен од резидент;

5) приход од авторски хонорар исплатен од нерезидент со постојана деловна единица во Република Македонија, ако авторскиот хонорар е на трошок на постојаната деловна единица;

6) приход од забавни или спортски активности кои се вршат во Република Македонија;

7) приход од вршење на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на истражување и развој, ако приходот е исплатен од резидент или е на трошок на постојаната деловна единица во Република Македонија;

8) приход од осигурителни премии за осигурување или реосигурување од ризици во Република Македонија;

9) приход од телекомуникациски услуги меѓу Република Македонија и странска држава и

10) приход од закуп на недвижности во Република Македонија.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, данокот не се задржува на следниве приходи:

1) на трансфер на дел од добивката на постојана деловна единица на странско правно лице во Република Македонија, на која претходно е платен данок на добивка;

2) на приход од камата од должнички инструменти издадени и/или гарантирани од страна на Владата на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија и банки или други финансиски институции кои дејствуваат како претставник на Владата на Република Македонија;

3) на приход од камата од депозити во банка лоцирана во Република Македонија и

4) на приход остварен од посредување или консалтинг со државни хартии од вредност на меѓународен финансиски пазар.”

Согласно автентичното толкување на Собранието на Република Северна Македонија (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.158/2019), одредбата од член 21 став (1) точка 4) треба да се толкува така што приход од авторски хонорар исплатен од резидент не се однесува на приход од користење на сродни  права за чие користење, меѓу другите се и радиодифузните организации кои набавуваат странска програма врз oснова на договор за лиценца.

Последно објавени