...

Надоместоти за дневници за службено патување одлободени од данок на личен доход и данок на добивка

Закон за работни односи

Согласно член 113 став 1 од Законот за рaботните односи (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и 110/19), работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за службено патување.

Закон за данокот на личен доход

Согласно член 12, а во врска со член 27 од  Законот за данокот на личен доход (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.241/18), данок на личен доход не се плаќа за надоместоците по основ на  дневници за службени патувања во земјата и во странство, во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во Република Македонија, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа.

Закон за данокот на добивка

Согласно член 9 став 1 алинеја 2 од Законот за данокот на добивка (,,Службен ведник на Република Македонија’’ бр.112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18), данок на добивка не се плаќа за надоместоци за дневници за службени патувања во висина на најнискиот износ на исплатени дневници утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија и прописите за органите на државната управа, при што исплатите по овој основ мешусебно се исклучуваат.

Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството

Согласно член 35 став 1 алинеја 1 и 2 од Општиот  колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.88/09 и 60/10), работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утвредни со закони колективен договор и тоа:

– дневници за службени патувања во земјата во висина од 8% од основицата и

-дневници за службени патувања во странство согласно Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци.

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.

Уредба за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци

Согласно член 10 од Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци  (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.50/00, 64/01, 110/08, 82/10, 12/12, 05/13, 1/14 и 90/14), износот на дневница се исплатува и тоа:

– 50% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи

кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата;

– 20% од утврдената дневница, ако издатоците за сместувањето и исхраната не паѓаат

на товар на органот на управата и

– 5% од утврдената дневница, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена. Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална и билатерална основа.

Решение за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци

Во точка 1 од Решението за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.19/14) определени се највисоките износи на дневницата за службени патувања и селидби во странство за одделни држави.

Последно објавени