Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.124/2019), содржи одредби кои се однесуваат на допрецизирање на даночното ослободување во делот на образованието и надополнување со научната дејност, намалување на рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ, од пет години, на две години, усогласување на враќањето на ДДВ на членовите на административниот и техничкиот персонал на дипломатски и конзуларни претставништва согласно Виенската конвенција за дипломатски односи, како и измени во одредбите кои се однесуваат на стапката на ДДВ за лековите за ветеринарна медицина и дополнување на одредби за повластена стапка на ДДВ за испорака на топлинска енергија.
Законско решение, пред донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, утврдуваше оданочување на лекови за ветеринарна медицина со општа стапка на ДДВ од 18%. Согласно измените, а имајќи го во предвид значењето на ветеринарната дејност за здравствената заштита на животните и нејзината улога за подобрен ефект врз здравјето на животните законодавецот определи повластена стапка на ДДВ од 5% за лековите за ветеринарна медицина.
Воедно, со измените и дополнувањата се утврди повластена стапка од 5% за испораката на топлинска енергија. Интенцијата на законодавецот е ваквото законоско решение да резултира со намалување на трошоците на граѓаните за топлинската енергија, а воедно да влијае и на намалување на аерозагаденоста.
Во Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, уредено е дека одредбите кои се однесуваат на стапката на ДДВ за лековите за ветеринарна медицина и за испораката на топлинската енергија ќе започнат да се применуваат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на законот, односно истите започнуваат да се применуваат од 25.08.2019 година.
Согласно Законот за данокот на додадена вредност (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 44/99, 59/99, 86/99, 11/00, 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, 45/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12,12/14, 112/14, 130/14, 15/15, 129/15, 225/15, 23/16, 189/16, 198/18, 98/19 и 124/19), повластената даночна стапка од 5% се применува врз прометот и увозот на:
Повластената даночна стапка од 5% се применува и на прометот на следниве услуги:
Согласно член 9 став 1 од Законот за данокот на додадена вредност (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 44/99, 59/99, 86/99, 11/00, 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, 45/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12,12/14, 112/14, 130/14, 15/15, 129/15, 225/15, 23/16, 189/16, 198/18, 98/19 и 124/19), даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност.
Во пресметката на износот на вкупниот промет за цели на регистрација за ДДВ се засметува прометот на добра и услуги кои ги извршило лицето во земјата, а за кои не е предвидено даночно ослободување, како и прометот на добра и услуги кои се ослободени од ДДВ со право на одбивка на претходниот данок согласно член 24 и член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност.
Во пресметката не се засметува прометот на добра и услуги кои се ослободени од ДДВ без право на одбивка на претходниот данок согласно член 23 од Законот за данокот на додадена вредност, како и прометот на добра и услуги за кои место на промет не е во земјата согласно член 13 и член 14 од Законот за данокот на додадена вредност.
Согласно член 51 од Законот за данокот на додадена вредност, физичките лица кои се сметаат за даночни обврзници имаат обврска за регистрација за цели на ДДВ, доколку во претходната календарска година оствариле вкупен промет чиј износ надминал 1.000.000,00 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или прометот во тековната календарска година го надмине износот.
Пријавата за регистрација за ДДВ се поднесува во Управата за јавни приходи на пропишан образец кој може да се симне од следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189 .
Рокот за поднесување на пријавата е:
-15ти јануари во тековната година – за даночните обврзници кои во изминатата календарска година оствариле вкупен промет чиј износ надминал 1.000.000,00 денари и за даночните обврзници кои доброволно се регистрираат за целите на ДДВ;
– 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен промет чиј износ надминал 1.000.000,00 денари;
– во рок од 15 дена од почетокот од вршењето на дејноста – кога даночниот обврзник очекува да го надминат праго за регистрација, како и доколку даночниот обврзник претходно вршел стопанска дејност ослободена од данок без право на одбивка на претходниот данок, а во текот на годината започнува да врши оданочлива дејност.
Согласно одредбите на Законот за данокот на додадена вредност, физичкото лице – даночен обврзник ги има следните права и обврски:
– пресметување на данокот на додадена вредност;
– одбивка на претходен данок;
– издавање фактура;
– поднесување даночна пријава;
– плаќање на данокот на додадена вредност;
– водење евиденција и
– чување документи (фактури и други документи поврзани со евиденција и со
извршен промет).
Даночниот обврзник има право да ја отповика регистрацијата доколку во последната година вкупниот промет не го надмине пропишаниот вредносен праг. Пријавата за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност се поднесува до 15 јануари во следната година, до Управата за јавни приходи, на образец кој може да се симне од следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/77 .
ПРЕДЛОЖЕН НОВ НАЧИН НА ОДАНОЧУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
Предлог – законот за данок на моторни возила е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР. Засегнатите страни имаат можност да доставуваат предлози, мислења и забелешки по текстот на предлог – законот најдоцна до 30.09.2019 година.
Согласно одредбите на предлог-законот, предмет на оданочување со данок на моторни возила ќе бидат нови и употребувани моторни возила кои за прв пат се ставаат во слободен промет или за прв пат се регистрираат во Република Северна Македонија и за кои не е пресметан и платен данокот на моторни возила.
Висината на данокот на моторните возила ќе се определува врз основа на вредноста на моторното возило и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар.
Пресметувањето и плаќањето на данокот на моторни возила ќе се врши со поднесување на пријава за плаќање данокот на моторни возила до надлежниот царински орган.
Законот утврдува ослободувања од данок или враќање на платен данок на моторни возила за дипломатски и конзуларни претставништва и за меѓународни организации, при реализација на проекти финансирани со парични средства на странски донатори, како и други таксативно наведено случаи на ослободувања од плаќање данок на моторни возила.
Што се однесува до прекшочните одредби, предвидени се глоби чиј што износ варира во зависност од видот на прекршок, вредноста на моторното возило, како и од тоа дали прекршокот се изрекува на физичко лице или трговец. Максималниот износ на глоба согласно одредбите на предлог- законот е 20.000 евра во денарска противвредност.
Законот за данок за моторни возила треба да започне да се применува од 01 ноември 2019 година.
Во Службен весник на Република Македонија бр. 216/2019 и бр.217/2019 објавени се нови правилници кои произлегуваат од Законот за добивка и тоа:
Согласно Правилникот за формата и содржината на даночниот биланс на непрофитни организации, даночниот биланс на непрофитни организации се поднесува на образец „ДБ-НП/ВП” изготвен на хартија во бела боја во А-4 формат.
Согласно Правилникот за формата и содржината на образецот на пресметката на данок на добивка за покривање на загуба од акумулирана добивка, пресметката на данок на добивка за покривање на загуба од акумулирана добивка се поднесува на образец „ДД-ПЗ” изготвен на хартија во бела боја во А-4 формат.
Што се однесува до Правилникот за формата и содржината на пресметката на данок на добивка при престанување на условите за даночно ослободување, согласно неговите одредби пресметката на данок на добивка при престанување на условите за даночно ослободување се поднесува на образец „ДД-ДО” изготвен на хартија во бела боја во А-4 формат.
Закон за работни односи
Согласно член 113 од Законот за рaботните односи (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и 110/19), работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за користење на приватен автомобил за службени патувања. Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор.
Закон за данокот на личен доход
Согласно член 12 став 1 алинеја 17 од Законот за данокот на личен доход (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.241/18), данок на доход не се плаќа на надоместок на трошоците за користење сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно.
Закон за данокот на добивка
Согласно член 9 став 1 алинеја 2 точка 8 од Законот за данокот на добивка (,,Службен ведник на Република Македонија’’ бр.112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18), данок на добивка не се плаќа на износот на исплатените надоместоци на трошоци за користење на сопствено возило на вработениот за потребите на работодавачот, во висина од 30% од исплатениот износ, но најмногу до 60.000 денари на годишно ниво.
Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството
Согласно член 35 став 1 алинеја 6 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.88/09 и 60/10), работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го корисити автомобилот за секој изминат километар.
Општ колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија
Согласно член 21 став 1 алинеја 7 од Општиот колективен договор за јавниот сектор во Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.10/08 и 85/09), работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа утврдени со закон и тоа на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар со патен налог. Овие одредби не важат за пратеници и избрани и именувани лица.
Закон за пратениците
Согласно член 31 став 1 алинеја 7 од Законот за пратениците (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.84/05, 52/06, 161/08, 104/09, 51/11, 109/14, 140/18 и 27/19), пратеникот има право на надоместок за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели, во висина од 20% од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото кое се користи.
Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија
Согласно член 27 став 1 алинеја 2 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на СРМ“ број 36/1990 и „Службен весник на Република Македонија“ број 38/1991, 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/10, 97/10, 162/10, 11/12, 145/12, 170/13, 139/14 и 233/18), избраните и именуваните лица имаат право на надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели, во висина до 20% од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото кое се користи.
Закон за работни односи
Согласно член 113 став 1 од Законот за рaботните односи (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и 110/19), работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за службено патување.
Закон за данокот на личен доход
Согласно член 12, а во врска со член 27 од Законот за данокот на личен доход (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.241/18), данок на личен доход не се плаќа за надоместоците по основ на дневници за службени патувања во земјата и во странство, во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во Република Македонија, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа.
Закон за данокот на добивка
Согласно член 9 став 1 алинеја 2 од Законот за данокот на добивка (,,Службен ведник на Република Македонија’’ бр.112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18), данок на добивка не се плаќа за надоместоци за дневници за службени патувања во висина на најнискиот износ на исплатени дневници утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија и прописите за органите на државната управа, при што исплатите по овој основ мешусебно се исклучуваат.
Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството
Согласно член 35 став 1 алинеја 1 и 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.88/09 и 60/10), работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утвредни со закони колективен договор и тоа:
– дневници за службени патувања во земјата во висина од 8% од основицата и
-дневници за службени патувања во странство согласно Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци.
Основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.
Уредба за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци
Согласно член 10 од Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.50/00, 64/01, 110/08, 82/10, 12/12, 05/13, 1/14 и 90/14), износот на дневница се исплатува и тоа:
– 50% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи
кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управата;
– 20% од утврдената дневница, ако издатоците за сместувањето и исхраната не паѓаат
на товар на органот на управата и
– 5% од утврдената дневница, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена. Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална и билатерална основа.
Решение за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци
Во точка 1 од Решението за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.19/14) определени се највисоките износи на дневницата за службени патувања и селидби во странство за одделни држави.
Одредбата на членот 21 oд Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“ број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18) гласи:
„(1) Задржувањето на данок се применува на следниве приходи, без оглед дали се исплатени во Република Македонија или во странство:
1) приход од дивиденди;
2) приход од камата од резидент;
3) приход од камата од нерезидент кој има постојана деловна единица во Република Македонија, ако каматата е на трошок на постојаната деловна единица;
4) приход од авторски хонорар исплатен од резидент;
5) приход од авторски хонорар исплатен од нерезидент со постојана деловна единица во Република Македонија, ако авторскиот хонорар е на трошок на постојаната деловна единица;
6) приход од забавни или спортски активности кои се вршат во Република Македонија;
7) приход од вршење на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на истражување и развој, ако приходот е исплатен од резидент или е на трошок на постојаната деловна единица во Република Македонија;
8) приход од осигурителни премии за осигурување или реосигурување од ризици во Република Македонија;
9) приход од телекомуникациски услуги меѓу Република Македонија и странска држава и
10) приход од закуп на недвижности во Република Македонија.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, данокот не се задржува на следниве приходи:
1) на трансфер на дел од добивката на постојана деловна единица на странско правно лице во Република Македонија, на која претходно е платен данок на добивка;
2) на приход од камата од должнички инструменти издадени и/или гарантирани од страна на Владата на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија и банки или други финансиски институции кои дејствуваат како претставник на Владата на Република Македонија;
3) на приход од камата од депозити во банка лоцирана во Република Македонија и
4) на приход остварен од посредување или консалтинг со државни хартии од вредност на меѓународен финансиски пазар.”
Согласно автентичното толкување на Собранието на Република Северна Македонија (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.158/2019), одредбата од член 21 став (1) точка 4) треба да се толкува така што приход од авторски хонорар исплатен од резидент не се однесува на приход од користење на сродни права за чие користење, меѓу другите се и радиодифузните организации кои набавуваат странска програма врз oснова на договор за лиценца.